Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 52 | година X | јануари-февруари, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 52јануари-февруари, 2007
Проза

Францускиот математичар

– извадок од романот –


/10
стр. 1
Том Петсинис

1

    Сигурно ѝ личев на патетична фигура на личноста која што гледаше надолу од прозорецот на четвртиот кат зад ѕидот од училишниот двор. Ми личи на уметничко ателје. Којзнае, можеби ме скицира со парче јаглен токму во овој миг – слабникав младич со несредена црна коса, силни веѓи, со уста како на врабец. Стојам во ќошот на училишниот двор од почетокот на утринскиот одмор, стуткан под брестот, фатен во острата сенка на неговите гранки. Мирисот на запалена хартија го исполнува дворот. Чадот кој се крева од блиската печка се шири во искосени писанија преку чистото зимско небо. Рацете прекрстени, тупаниците стегнати, ноктите ми се забиваат в дланки, ми паѓа жал за мојата куса, тенка сенка која едвај да е променета откако дојдов во Луј-ле-Гранд пред три години. Наполнив петнаесет минатиот октомври, би можеле да ме помешаат со дванаесет годишник. Две момчиња кои започнаа со мене, значително пораснаа минатата година: Мозолчињата им цутат на лицата, долниот дел од образите им се затемни, колковите и гласовите им се здебелија. Крцкам со забите. Моето неодамнешно уназадување повеќе се должи на недоволниот физички развој отколку на слабите оценки по неколку предмети.
    Нека им ја сегашноста – иднината ми припаѓа мене. Кога нивните идиотски игри ќе престанат а нивната смеа ќе исчезне во ветрот, моите мисли ќе продолжат да живеат, не само на овој јазик, туку и на оние кои денес сè уште немаат ни своја азбука. Уште од времето кога научив да читам под охрабрувачкиот поглед на мајка ми, ме копка магијата на мастилото и чувствувам дека моето име ќе биде сочувано во печат. Затоа ли мојот внатрешен глас е толку силно изразен? Се проектирам ли себеси во иднината со помош на овој внатрешен глас? Порака ставена в шише и фрлена в океан. Доколку сум предодреден за мене да пишуваат, мојот свесен напор тука и сега може да влијае на начинот на кој мојот живот ќе биде претставен.
    – Галоа девојчето! Галоа девојчето!
    Млаз од топол здив ми удира во увото. Пред да можам да му вратам, навредувачот трча преку дворот, диво смеејќи се, крцкајќи со чевлите преку малите барички покриени со мраз. Сите нив ги мразам – учениците, наставниците, директорот. Школово е како затвор. Зошто татко инсистираше да учам во Париз? Бев среќен дома, во Бур-ла-Рејн. мајка можеше да се погрижи за моето образование. На крајот на краиштата, таа ме научи да читам и да пишувам, ме воведе во грчкиот и латинскиот, а подоцна ме натера да


Ова е извадок од:
еКнига
Печатена книга




Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+