Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 52 | година X | јануари-февруари, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 52јануари-февруари, 2007
Проза

Фотографија

/2
стр. 1
Зоран Илиќ

    Децении минаа откако го напушти градот, го замени со друг.
    – Ве молам, сакам да го заменам градот во кој досега живеев за некој друг.
    Никој не се буни, не забележува дека повеќе те нема во градот во кој дотогаш си живеел, градот продолжува да функционира. Твоето исчезнување се случило незабележливо. Да се изведе тоа волшепство или да се биде дел од него: да исчезнеш од едно и да се појавиш на друго место.
    Неколку децении подоцна се враќаш во градот со дигитален фото-апарат (којшто во меѓувреме е измислен) и со желба да ги фотографираш оние места во градот кои имале значење во твојот поранешен живот.
    Го замолуваш случајниот минувач да те фотографира додека седиш на клупата пред зградата во која си живеел. На наслонот на клупата е врежано двосложно женско име. Ти си ја префрлил раката преку тој дел на наслонот. Како да сакаш да ја прегрнеш таа непостоечка девојка или жена. Иако е лето, август, на тревникот е првото паднато лисје. Во подножјето на твоите нозе неколку опушоци додека ти со сандалата си го згазнал црвеното пакување на чоколадниот десерт. Токму во тој миг две личности, маж и жена, влегуваат во зградата. Годините се гледаат врз фасадата од зградата. Веројатно и врз твоето лице.
    Случајниот минувач го притисна копчето на фото-апаратот, го сними претходно опишаниот момент, ти го враќа фото-апаратот, ти му се заблагодаруваш и тој заминува.
    Остануваш да седиш на клупата. Се вртиш и љубопитно гледаш што се случува. Твоето присуство го предизвикува вниманието на запуштената старица на една тераса.
    – Кого Вие барате, господине? – те прашува со крештав глас.
    Кого бараш, што чекаш? Директно прашање. Што да се одговори?
    – Јас сум, госпоѓо, реликвија на минатото, некој кој на овој простор некогаш му припаѓал, бил негов дел, како што сте Вие сега. А Вашата руинирана зграда била и мој дом сè додека невнимателно не го поставив прашањето: „Ве молам, сакам да го заменам градот…“.
    И, нема да верувате, госпоѓо, механизмот се помрдна: станот испразнет, мебелот натоварен во камион со церада. Сто и педесет километри посеверно се истоварува во едно декемвриско предвечерие на една новобелградска ледина и работите се внесуваат во нов стан.
    Голи, нови бетонски ѕидови на кои треба да им се вдахне живот, да им се раскажува за животот во еден друг град, за најдобрата декада на дваесеттиот век која минала… На студените бетонски ѕидови прекриени со ребрести тапети. Ѕидовите на мојот поранешен стан и не знаеја што се тоа тапети. Тие ги знаеја поимите:






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+