Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 52 | година X | јануари-февруари, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 52јануари-февруари, 2007
Есеи

Воведни истражувања на Балканскиот концепт во уметноста

/10
стр. 1
Џесика Герхарт

    Концептот, како и терминот „Балкан“, се доста познати и често користени категории во бројни академски и политички „арени“ во глобала. Балканскиот регион се стекнал со озлогласеност на Западот преку лавина од дела од областа на пишаните, аудиовизуелните и електронските медиуми, особено за време на Југословенската криза во деведесеттите години од 20. век. Како „голтачи“ на телевизискиот и сличните нему медиуми, ние – луѓето од запад – неодамна станавме „интимно“ запознаени со симплифицираната историја на балканските народи. Ние, на пример, го знаеме Слободан Милошевиќ дури и по лик. Во последната деценија од минатиот век, значи неодамна, концептот за Балканот беше, исто така истражуван и темелно деконструиран од страна на Марија Тодорова. Слоевитото и палимпсестно разбирање на концептот за Балканот, промовирано од современата научна мисла, е отворено прифатено и употребувано во оние исти „арени“ спомнати претходно: историја, политика и слично, кршејќи ги претходните грешни стереотипи и предрасуди за регионот. Меѓутоа, во специфичните области на „мејнстрим“ културата и уметноста, до такво поместување на концептите „Балкан“ и „балканско“ – не е дојдено: имено, во оваа област, ослободувањето од тие застарени норми, особено при класифицирањето и идентифицирањето на уметноста и културата која доаѓа од Балканскиот полуостров. Уметничкиот свет сè уште е поподготвен – во своите дискурси – да ги прифаќа старите симплифицирани и сензационалистички верзии за „Балканот“ како концепт. Фактички, постојат многу малку истражувања во областа на „мејнстрим“ литературата со балканска тематика (како што во овој есеј се реферира понатаму, со цел да се симплифицира и олесни користењето на овој термин, како и карактерот што му се придодава). Очигледно е дека има голем број прашања што треба да се постават и да бидат одговорени, како на пример: Зошто балканската уметност останува на маргините на уметничкиот свет? Или: Каква улога ќе игра балканската уметност во глобални рамки во времето што доаѓа? Јасно е дека овие прашања се од генерално значење за самата идеја, и антиципација на кој начин колективниот балкански идентитет ќе биде перцепиран/реципиран од страна на Западот.
    Во својот преглед од 2002 година, во книгата Основни документи: Прирачник за источно и централно-европската уметност од 1950 година па наваму, Мартина Пахманова забележува дека „предолго време источноевропската и централно-европската уметност е на периферијата на научниот интерес кај истражувачите и академиците за Западот“[1]. Во текот на последниве пет години, повеќе уметнички поставки се заинтересираа за балканскиот концепт, изложувајќи уметнички дела кои ги обработуваат најголемиот број на тематики, од идентитетот, преку феминизмот, па сè до цензурата, користејќи најразлични медиуми. Но

_____________________________________

1. Tomas Pospiszyl, MoMa Symposium ‘East of Art: Transformations in Eastern Europe’ transcript, 23 March 2003 [accessed 3 March 2005]






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+