Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 52 | година X | јануари-февруари, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 52јануари-февруари, 2007
Критика

Подземја

/2
стр. 1
Морин Н. Меклејн

Исконското и модерното се среќаваат во сенишните песни на Луиз Глук, вели Морин Н. Меклејн во освртот на „Аверно“ (Farrar Straus Giroux, 2006; 79 стр.), објавен во Вашингтон Пост

    Да се чита Луиз Глук е мачно – а ова е комплимент. Поет на напнати интензитети, таа чекори по жица високо над пророчкото и секојдневното, апсолутното и ефемерното, монументалното и кревкото. Во нејзината најнова книга, Глук нè воведува во областа на мртвите: Аверно е езерото западно од Неапол што, според Римјаните, било влезот на Подземјето. Врз основа на митот за Персефона – приказната за ќерката на Деметра иницирана (или киднапирана) за да има секс со Ад, господар на Подземјето – Глук ги истражува смртта, спомените, сексуалноста, семејството, и најпродлабочено, „правењето на душата“, како што вели Китс. Поетот се движи низ „Сите различни именки –/ ги изустува таа едноподруго./ Смрт, сопруг, бог, странец.“
    Глук помалку ја интересира семејната романса или сексуалната траума отколку нашата смртност и нашата одлучна отуѓеност од природата. Во извонредниот почетен циклус, „Октомври“, таа ја евоцира нашата несигурна поврзаност со Земјата преку едно непрекинато ритмичко испрашување: „Зима ли е повторно, студи ли повторно/ … зар телото/ не ми беше спасено, зар не беше безбедно/ … зар не ѝ бевме потребни на земјата,// лозјето, беше ли обрано?“ Глук се прикажува тука како романтичен поет – како американскиот наследник од 21. век на Вордсворт и Шели. Како нив, и таа го испрашува светот и открива дека е недоволен за умот; и како романтичарите во нивните најскептични и најпречистени мигови, и таа митовите ги третира не како утехи туку како алатки за испитување на мислата. За митот за Персефона Глук пишува: „Дозволено ти е да не ти се допаѓа/ никој, знаеш. Ликовите/ не се луѓе. Тие се аспекти на дилема или конфликт.“
    Свесна за структурата на митот, неговите пукнатини и тензии, Глук ги анализира наместо само да ги рециклира митските мотиви. „Пролетта ќе се врати, сон/ втемелен на лага:/ дека мртвите се враќаат.“ Наместо химни кон сонцето, добиваме остра критика: „Тоа е тоа што/ сонцето значеше: значеше/ изгорена – “
    Обично кога поетите се вртат кон митови, се вознемирувам, стравувајќи од уште една банална песна накитена со грчки или римски имиња колку за украс, чиј поет е поштеден од инвентивност оти доследно прераскажува стари заплети. Премногу често митот служи како лажна поткрепа, обид за висока сериозност, културен капитал и поетичност. Лесно е да се привикаат мртвите богови и старите приказни, тешко е да






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+