Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 05 | година I | октомври-ноември, 1998



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 05октомври-ноември, 1998
Театар Осврти

Погрешен заплет во вистинско време

/3
стр. 1
Билјана Гарванлиева

И додека националната македонска театарска куќа МНТ, за време на своето педесет и тригодишно постоење никогаш (sic!) во својата репертоарна политика не го вклучува Хамлет на Вилијам Шекспир, Драмскиот театар од Скопје деновиве повторно го постави овој текст, после дваесет и едногодишна пауза од својата последна (тогаш оценета како) катастрофална изведба, режирана од Слободан Унковски. Овојпат, интерпретацијата е во еден поинаков, попровокативен и поекспериментален ракурс на гледање на режисерот Владо Цветановски.
    Многуслојната структура на Хамлет нуди голема режисерска провокација за актуализирање на гнилата данска држава, во која шета духот на мртвиот крал, што треба да биде одмазден од синот. Стражарите, пак, како и Принцот дански, ѕемнат од студ и страв пред можната војна. Но, Владо Цветановски место заплетот, за попровокативна режисерска концепција ја зема својата и позицијата на пообразованата публика, на која Хамлет ѝ е познат како архетипски драмски лик.
    Тргнувајќи интуитивно од ваква деконструктивистичка позиција, тој интуитивно и го пресложува текстот, ги штрихува сцените на стражарите, духот, одмаздата, меѓусебниот колеж, сакајќи Хамлет да го пресоздаде во еден општ митски јунак чија цел е да си одговори на метафизичкото прашање: Сакам ли да умрам спиејќи?
    Оваа внатрешна, статична, метафизичка мотивација на главниот лик не е секогаш прецизно драматуршки решена во микрокосмосот на претставата.
    Додека ефектното појавување на мечот, со падот од кулисите се забодува во првата сцена и го „прободува“ Хамлет (како и секого од нас), обележувајќи го неговиот (нашиот) гроб, паѓањето на вториот меч во спалната соба на мајката на Хамлет беше само мелодраматички ефектно. Необележаната, универзална книга што ја чита Хамлет нема ни драмско ни метафизичко значење, зашто не ни предочува дека тоа е книгата за самиот Хамлет.
    Додека невоспоставениот интимен свет и работна соба на Хамлет не ни даваат одговор на прашањето: Кој е Хамлет?, светот на метафизичкиот макрокосмос го воспоставува функционалната и филмична сценографија на Владо Ѓорески.
    






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+