Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 52 | година X | јануари-февруари, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 52јануари-февруари, 2007
Звук Осврти

Bottling Jazzy

Aquarius Records, 2006


/1
стр. 1
Ејми Фришки

    Македонскиот перкусионист Зоран Маџиров изгради кариера со раѓањето на неверојатната виртуозност и индивидуализмот на балканскиот џез во XXI век, спојувајќи ја неповторливата оркестрација со најновите инкарнации на модерната музика во непрегледното море на сите влијанија врз овој жанр. Изданието Bottling Jazzy започнува со (и се враќа кон) ситните фрагменти кои потсетуваат на Kid A од Radiohead, зачинето со звучниот еквивалент на испивање убаво вино и славниот изум на Маџиров: 40 шишиња наштимани со течност, кој тој го нарекува Шишофон (Bottlephone), и играта со удиралките. Со помош на вундеркиндот за компјутерски звук Александар Спасоски, Маџиров изведува електронски модулиран џез, со значителни примеси на правилата на западната класична композиција и македонската народна песна. Но лепилото коешто сè држи заедно е разиграната леснотија со која тој скокнува во Големата непознаница, манифестирана како во неговиот изумен инструмент, така и во искричавоста на и изненадувањето од неговата музичка умешност. Нотите, боите на тоновите и ритмите влегуваат и излегуваат според свои правила, создавајќи след од моќни случајности кои на секоја трака ѝ даваат единствен вкус. Истовремено, одекот на „главната“ структура и фолклорната естетика врз музиката префрлаат превез од наследство.
    Првите две нумери се цврсто позиционирани во електрониката (lounge, drum and bass), и го опишуваат урбаниот метрополис онака како што повеќето Американци го замислуваат, благодарение на медиумите. Откако ѝ се претставува на оваа целна публика (талент избрусен во метрото на Њу Јорк Сити), Маџиров полека го предизвикува слушателот да се фокусира на мотивите и нивното развивање, како и на улогата на различните инструменти кои ги создаваат истите. Следните нумери, „Штурец“ и „Ту Бе Ве“ повеќе се движат во областа на експерименталното, слично на To Rococo Rot и Medulla на Björk, додека Шишофонот се засилува со опфатноста и силината. Од петтата нумера па натаму, Маџиров оперира со широк дијапазон на лични влијанија, отсликани во појавата на гитара и хармоника: ова е моментот кога албумот влегува во областа на необичното. На „Таму горе“, шишињата стануваат мелодичен инструмент кој ја истакнува меланхолијата на овој валцер со нежноста на едно кршливо битие.
    Како остар контраст, во следната „На телефон“ Маџиров влегува во импровизации со брзина и јасност која се чини несфатлива. Албумот го достигнува својот врв во преработката на традиционалната македонска песна со 7/8 такт, „Опа иха“. Овде, шишињата и семпловите ја доловуваат мелодијата во сенишни откршоци и невротични повторувања, пред таа да избувне во потполност преку живиот лимен оркестар и гласовните извици. Овој обмислен музички коментар на односот помеѓу минатото и сегашноста може да се сфати како кредо, каде почитта кон „корените“ оди доволно длабоко за да ја прослави нивната можност да се приспособат на новото време во кое Маџиров е длабоко навлезен, и секогаш тоа го прави одново.

Превод од англиски: Игор Исаковски

(превземено од Los Angeles Times)






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+