Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 52 | година X | јануари-февруари, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 52јануари-февруари, 2007
Звук Осврти

Новитети од продукцијата на „Кроскат рекордс“ од Германија

/4
стр. 1
Васја Ивановски

Најновата продукција на „Кроскат“ содржи и две концертни колекции на Мемо Гонзалес со неговите „Блузкастерси“ и Б.Б. „Блуз Шекс“. Во секој случај, двете изданија заслужуваат внимание и презентација на поширокиот аудиториум. Мемо Гонзалес и неговиот состав се група музичари со завиден квалитет и искуство кои знаат како треба да се третира овој музички жанр. Овој интернационален состав (вокалистот и хармоникашот Мемо е Американец од Тексас, басистот Еркан Ездемир е Турчин, а гитаристот Каи Штраус и тапанарот Клаус Ширинг се Германци) е лоциран во Германија како најдобра стратешка точка за музицирање низ Европа. Блузот на Мемо и колегите е варијанта на блуз, свинг и рокенрол, на нивен уникатен начин. Мемо е квалитетен инструменталист на усна хармоника, зад кого гитаристот Штраус и цврстата ритам секција на Ездемир и Ширинг создаваат уникатни музички блуз пејзажи. Сите композиции на албумот се „тестирани“ на безбројни настапи, така што публиката нема проблем со идентификација на истите и одговара како што се очекува. Обично се работи за сопствен материјал, на вистински места дополнет со темите на Елвис Присли, Меџик Сем, Џуниор Паркер, Џеј Милер… Аудио записот делува импресивно, имате чувство како да сте во центарот на настаните, потребно е само да ги затворите очите и да му се препуштите на блузот на Мемо и другарите; тие можат бездруго да се гордеат со финалниот резултат.
    

Б.Б. и „Блуз Шекс“ се еден од најдобрите германски блуз состави, а со својот најнов албум тоа повторно супериорно го потврдуваат. Снимениот материјал потекнува од настапот во родниот град на бендот Хилдершајм, во клубот Фир Линден и секако ќе ги задоволи љубителите на блузот ширум Европа, па и пошироко доколку се обезбеди квалитетна дистрибуција на албумот; според моето мислење, ова едноставно треба да се има во колекција! Звукот на бендот делува оригинално; иако се чувствува влијание на мајсторите од четириесеттите и педесеттите години од минатиот век, сето тоа е направено со мерка и вкус што го издвојува бендот од слични што свират таква музика. Главниот збор во бендот ги имаат браќата Арлт: Андреас на гитара и Михаел на усна хармоника и вокал. Тие настапуваат насекаде, од Москва до Чикаго со попатни станици каде што ги воодушевуваат сите љубители на добар блуз. Сите епитети искажани за квалитетот на бендот се потврдуваат и на овие снимки, така што, доколку се укаже можност да ги проследите во концертен амбиент, не пропуштајте ја можноста!
    

Неколкуте новитети од овој извонреден






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+