Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 52 | година X | јануари-февруари, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 52јануари-февруари, 2007
Критика

Најден во преводот

/2
стр. 1
Адам Филипс

Преработката на Рилке од страна на Дон Патерсон, „Орфеј“ (Фабер, 2006, 84 стр), фрла бесценето светло врз песните карактеристични за големиот модернист, вели Адам Филипс во овој осврт објавен во Обсервер

    Кога Џон Бериман напиша во својата трета Сонувана песна дека „Рилке беше копук“, на многумина од тие што го читаа Рајнер Марија Рилке во превод веројатно им олесни. Резонанците на Рилке од Квази-Кружокот што можевме да ги читаме – „и во исто време да ја знаеме состојбата/ на непостоењето, бесконечната земја на твојата длабока вибрација“ и така натаму – се чинеа многу несвојствени за поетот признаен „во странство“ како голем европски модернист.
    Тука и таму ќе се појавеа песни од Рилке преведени од вистински поети како Тед Хјуз или Роберт Лоул, давајќи ни да наѕреме парчиња од мошне силен, идиосинкратски глас, но за љубителите на Бетџман и на Ларкин, со нивната немодернистичка посветеност на поедноставените можности, таа „свртеност внатре“, таа спиритуална амбиција на Рилке се чинеше благо смешна. Неговите големи височини и поголеми длабочини повеќе беа за претенциозните. Преводите – од Лишман во 1936, Хертер Нортон во 1942, КФ Мекинтаер во 1960 – сугерираа, во најдобар случај, дека Рилке е непреводлив. „Орфеј“ на Дон Патерсон, што можеби не е изненадување со оглед на тоа каков поет е самиот тој, сево ова го смени.
    Пишувајќи, како што ги нарекува тој, „верзии“ на овие песни, Патерсон ни дава еден Рилке што е возбудлив поради неговата комплицираност, оти и самиот Рилке бил збунет од овие инспирирани песни. Во текот на три седмици, во 1922, додека работел на своите Дуински елегии, Рилке ги напишал и овие 55 сонети. „Тие“, напишал тој подоцна, „можеби ми се најмистериозни мене, поради начинот на кој пристигнаа и ми се наметнаа – најзагадочниот диктат што кога било сум до примил и запишал.“ Овој вид диктат честопати е извор на најлошите текстови, но и на најдобрите. Патерсон, колку едноставно ова и да звучи, преку неговата преработка ни разјаснува зошто сонетите на Рилке се всушност извонредни песни наместо натрупани и здодевни размислувања на надежен мистик.
    „Верзиите“, вели Патерсон, „се обидуваат да бидат песни сами по себе; иако го имаат оригиналот за да им послужи како детален нацрт-план и вертикална проекција, тие се обидуваат да си изградат себеси цврст дом во една нова земја, во архитектурата на локалниот говор.“ Ова практично значи дека Патерсон ги има малку редизајнирано и зацврснато. Песните имаат наслови наместо само броеви како што ги имаат означено Рилке






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+