Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 52 | година X | јануари-февруари, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 52јануари-февруари, 2007
Галерија Осврти

Идеологема и фасцинација

/3
стр. 1
Гоце Смилевски

    Наративното што произлегува од ликовната претстава, неверојатната моќ да се слика во кој и да е стил, силните политички аспекти кои се трансформираат во еден вид онтолошка позиција кон светот, моќта да се травестира еден политички мит како Хитлер во еден поп мит како Мики Маус, локалните алузии на една од најиконичните слики на Западот како што е Тајната вечера, амбивалентното флертување меѓу маниристичното и класичното…, предизвика фасцинација и стравопочит кај еден посетител (и сигурно не само кај него) на ретроспективната изложба на Александар Станковски во 1997 година.
    

    Денес, девет години подоцна, тој ист посетител, а сега и автор на овој текст кој треба да биде малечок вовед во големата изложба на Александар Станковски во МАНУ, се соочува со истата, со подеднаков интензитет и од ист вид, фасцинација од творештвото, од педесетината слики кои треба да бидат изложени.
    

    Се чини дека сликарството на Станковски продолжува да ја раскажува приказната за сликарството кое денес е можно само ако постојано го поместува својот реципиент. Кај Станковски различните позиции на читањата, а читањето секогаш претставува моќ, истовремено и желба за моќ преку создавање значења, секогаш значат обид за децентрализација на гледачот.
    

    Наративот, приказната, толку омилени за неговата сликарска постапка, пред сè упатуваат на движење и дифузност. За да се исчитаат неговите слики, секогаш треба да се укине една од точките што го овозможила влезот во сликата, субјектот да се помести, да се премести некаде меѓу претходно постоечкиот ликовен модел (зашто Станковски е опседнат со идејата за сликарството како натсликување/досликување/пресликување на веќе постоечките сликарски модели, артефакти, постапки) и идеолошките стратегии кои секогаш од сликата создаваат простор за впишување на центрипеталните и центрифугалните сили на моќ.
    

    Идеологија – политика – моќ, ова е светото тројство кое истовремено одбивајќи и привлекувајќи, го тера Станковски да ја впише својата идеологема, која значи: да се биде што е можно повеќе дифузен и полидискурзивен, а недофатливите граници на моќта да се релативизираат со травестија на општествено-историските, политичко-манипулативните, емотивно-психолошките приказни.
    Во овој контекст ги читам и сликите од оваа изложба на Станковски.
    

    Во нив, од еден романтичарски пристап и фигуративност, преку експресионизам до апстракција, Станковски се фокусира на темата која во една поширока смисла би можела да се сфати како татковина: парадоксален симбол во кој се сопоставени и обединети и машкиот и женскиот принцип, и најинтимното, исконската поврзаност, но и расколот, шизмата и шизофренијата. Зашто, како што велат Делез и Гатари – секое лудило е општествено, историско, политичко.
    

    На една од сликите од циклусот „Демонстранти“ се појавува






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+