Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 52 | година X | јануари-февруари, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 52јануари-февруари, 2007
Галерија Осврти

Мирот и немирот како провокација, како траење или завршување

/3
стр. 1
Сунчица Уневска

Кон турскиот филм „Годишни времиња“ на Нури Билге Чејлан во главната програма на 59. Кански филмски фестивал, добитник на Наградата на критиката „Фипресци“

    Турскиот филм „Годишни времиња“ на Нури Билге Чејлан беше сосем поинаков од останатите филмови на годинешниот Кански филмски фестивал. Овој филм можеби беше и единственото непретенциозно дело, во кое немаше ниту политика, ниту историја, ниту актуелни проблеми; тоа е личен, „мал“ филм, но остварување кое успеа да допре до секого со својата тема. Иако навидум, во канското окружение, беше еден од неамбициозните, Чејлан докажа дека и без тоа може да се направи прекрасен филм кој продира длабоко во човечката природа и во нејзиниот неизвесен, а многу пати и нејасен карактер. Впрочем, тоа е вечен проблем и вечно прашање, кое не може никогаш да ја загуби тежината, особено кога станува збор за умешен автор и вистински уметник. Чејлан дури ја освои и Наградата на критиката „Фипресци“: сосем заслужено, пркосејќи им на другите остварувања и докажувајќи ја својата супериорност.
    

    „Годишни времиња“ се занимава со човечката природа која намерно или не, секогаш е во дослух со своето опкружување и со неговата природа. Годишните времиња во овој филм само ги носат боите, мирисите, носталгијата и атмосферата, која всушност ни ја раскажува едноставната приказна за Иса (Нури Билге Чејлан) и Бахар (Ебру Чејлан), за нивната неможност да бидат среќни и покрај сите предуслови за тоа, за нивната немоќ да бидат целосни заедно, но и несреќни кога се разделени. Всушност, овој преубаво насликан филм, со многу живи бои и игра на емоции честопати говори за нејасните причини и немоќта да се пронајдеме себеси, за неспособноста да се прифати среќата онаква каква што е, наоѓајќи го предизвикот онаму каде што провокацијата е поголема. Што е она, го наметнува прашањето Чејлан, што го тера човек сосем непотребно да си го компликува животот, што е она што нè прави живи, или ни ја одзема волјата. Со сите тие прашања, Чејлан извонредно го започнува својот филм, покрај урнатините и остатоците од некои стари зданија, онаму каде што сè започнува, каде што сè се повторува и каде што сè завршува. Прекрасната Бахар и покрај вековната убавина, тишина и совршеност, го чувствува сиот немир во себе, соочена некаде длабоко внатре со неизбежниот крај и со фактот дека не може ништо да стори.
    

    Едноставно воден, „Годишни времиња“ е всушност филм на силни емоции, преиспитувања, на силни внатрешни превирања и на барање на себеси. Серап (Назан Кирилмис) е девојка на другарот на Иса и






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+