Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 52 | година X | јануари-февруари, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 52јануари-февруари, 2007
Галерија Осврти

Кон изложбата на Ладислав Цветковски

/1
стр. 1
Дејан Буѓевац

    Ладислав Цветковски во своите дигитални графики ја укинува фиксираноста на своите ликовни знаци, ја укинува нивната тематска препознатливост. Наместо, таквата традиционална хиерархија и механичкиот гест, Цветковски во електронскиот простор употребува визуелна повеќеслоевитост, виртуелна дескрипција, каде читањето на самите дигитални композиции е повеќе „топографско“, отколку, тематско од еден поглед.
    

    Благодарение на компјутерскиот оперативен метод на обработка, Цветковски ги проширува графичките знаци во дигитални нивоа вон простата димензија на линеарниот тек; ги продолжува во структури и експресии што ги пресекуваат традиционалните класификации на ликовната графика. Креира доживувања на семантички мрежи, каде линеарноста на значението се изместува во еден чист процес на бесконечни асоцијативни врски, создава трансформации од ни-една тема која доминира врз сите останати. Наместо просторното и директното, тука имаме работа со менталното и дигиталното. Се намалува разликата меѓу авторот и гледачот, меѓу вообликувачот и корисникот, односно, се добива можност за нивна меѓусебна прелоцираност во толкувањето на делото; дело кое сега станува реалност на менталните огледала.
    

    Контролата врз самото доживување на дигиталните графики на Цветковски преминува во разновидна игра. Наместо препознатливите стриктни субординации и супститути, овие графики се комбинирано дигитално ткаење на визуелното, коегзистенција на мноштво еднакво вредни значења и движења. Де-спацијализација на погледот од традиционалниот медиум во читањето за поврзаноста и подвижноста на самите електронски знаци.
    

    Неговите графики непрекинато произведуваат мобилни кодови, чијашто функција е да бидат флуидни, „конкретни“ во својата различна слоевитост, да бидат ефекти на несовршени линии, да бидат во движење. Фрагментарни форми, замена и променливост на фрагментарните места во нивните меѓусебни текстури, структурализација на авторските идеи во знаковни можности што се во согласност со компјутерските „принципи“, односно, со принципите на слободната противречност и доволната причина. Мноштво на односи и дејства што можат да се толкуваат одвоени од своите „зададени“ елементи. На тој начин, не се менува само „просторот“ на творење, туку, се менува и начинот на читање, односно, се здобиваме со поинакви искуствени модалитети во процесот на ментализација на визуелното.
    

    Делото на Цветковски не е веќе визуелизација на мислите, туку ре-ментализација на боените и апстрактни површини, интензивирање на метафоричноста на цртежот, на сегментираните кадри и извлечените фигурации, воопшто, потенцирање на изместената слобода во авторското доживување на знаковното…
    

    Во дигиталните записи на Ладислав Цветковски добиваме редефинирани релации со класичниот медиум, односи полни со двосмислености и амбиваленции помеѓу гледачот и авторот, динамично и монтажно пренесување на приватните расположенија/впечатоците од стварноста во дигиталната процесуалност на знаковното.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+