Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 06 | година II | јануари, 1999



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 06јануари, 1999
Поезија

Парчиња

/10
стр. 1
Игор Исаковски

Беше тоа ден кога сонцето и дождот водеа љубов
Камен и ветер
Создавање на водата: Првите звуци
Создавање на водата: Нашето време
Создавање на водата: Зол ден
Јас и Tom Waits
Парчиња
Пивото одекнува низ спомените
Сам
Од сино кон црно

_______________________________________________________________________

Беше тоа ден кога сонцето и дождот водеа љубов

I.
беше тоа како небото да е огромна постела
а те немаше да гледаме
та гледав сам и осамен.
беше тоа ден

кога рече „сакам дожд“
и би дожд.

ти не знаеше
колку дарови послав
пред нозете на
Дождовниот Крал.

ти не знаеше:
моето око те љуби
и твојата отсутност
го ослепува

се исплашив кога помислив
тебе сум те барал
низ песната на ветрот


II.
беше тоа ден кога мислев
Господе, ќе умрам заведувајќи кралеви
за таа да биде задоволна, мислев
Господе, одамна не сме разговарале
а треба да ја видиш
да го почувствуваш нејзиниот пулс, Господе!
таа е наша сестра
и ќе ја направам љубовница.
таква немаш видено, мој Господе.

птиците го шепотат нејзиното име
и ѕвездите ми кажуваат каде спие
кога возовите ја бараат низ градот
и денот порано доаѓа за да ја возљуби
и ноќта е секогаш предолга
кога ја нема

зошто ли тогаш тешко заспивам

секој мој збор е далеку од мудроста
како што сум јас далеку од разумот
но таа ме разбира повеќе од било кој
и понекогаш ми зборува
со косата, другпат
со прстите…

беше тоа ден
кога мислев ќе одлетам во облаците
и којзнае дали сила ќе се најде
назад да ме врати

беше тоа ден
кога се подготвуваше виножито
во нејзините очи
но се плашев
ќе ја уплашам ако ѝ кажам
та станав молчелив
и молчев како златото на нејзините гради
молчев како да ја чувам
нашата тајна
мојата, твојата и нејзината, Господе

беше тоа ден
кога мислев
песните за неа немаат крај
и јас и ветрот стануваме едно






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+