Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 53 | година X | март-април, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 53март-април, 2007
Поезија

Пишувај песна како да налеваш чај

Превод од англиски: Македонка Божиновска


/6
стр. 1
Уша Акела

Клавиши
Kако да се напише песна
Мошне едноставно
Чај за двајца
Разбирање на цвеќето
3.

_______________________________________________________________________

Клавиши

Таа упорно ми вика „мамичке“, „мамче“, „мамо“.
Јас негодувам и го барам „amma“[1] – тој збор – акорд
на наследство – тој збор – река што се влева в море.

Се препираме секој ден во таа хиерархија од звуци, јазикот
ни е луда игра на тлото од два континенти.
Воздухот, исполнет со ѕвечкањето на гривните врз нејзиниот глужд,
блеснува и заѕвонува при секој нејзин чекор.

„Бегај“, „Не те сакам“, звучи страшно како стапица за глувци
што се затвора со тресок. Се претворам во планина, притаен цензор
на звуците што треба да се изустат, неизустени, на тригодишна возраст.

Придоаѓа и секојдневната доза „Те сакам“ – звук околу
кој расцутува цело поле од лалиња во кое танцувам.
Сето мое постоење го крепам врз звукот од нејзината смеа,
ќе ја насмеам, а таа ја пушта шегата невешто да потскокнува низ белиот неред.

Од нејзиното усте – мала темна пештера, таинствен отвор,
со потекло којзнае од каде – се слизнуваат звуци, првични претстави
за влажната глина на нејзината суштина, ова се денови кога верувам дека
вистината може да биде со боја на темновиолетов грозд, кога часовите
се како клавиши, и песните не болат од осама.


_____________________________________

1. amma – мајка (во некои од јужноиндиските говори), но и со значење Мајка Божица





Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+