Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 53 | година X | март-април, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 53март-април, 2007
Проза

Ноќен тренинг

(извадок од романот)


/6
стр. 1
Сибила Петлевски

Франсиско Хосе де Гоја, Ништо не може да се стори (Каприча, бр.24) 1796-1797

    Јаваше на мазга во широко здолниште. Нозете ѝ висеа од страна, бледи, благо набрани, како извлечени од вода. Меѓу коската на палецот и петицата, препознатлива е издолжената брчка која понекогаш, особено кај оние пред умирање облеани во студена пот, веќе и самата по себе може да предизвика сомилост, да ни ги навлажни очите како да гледаме драго лице на кое тагата му го одзела изразот, а не само босо стапало во кое животот со одот впишал засек. Шарената туба со округла китка на врвот, високото, шилесто покривало за глава за кое денес би рекле дека е во облик на превртен корнет, наместо топка сладолед притиска избричена женска глава. Врвот на таа необична капа се збуцал во немилосрдното синило на шпанското небо за со помош на живи бои, кои не се нафрлани туку-така, но дури и создаваа некое значајно шаренило, повикуваше што поголем број луѓе. Толпата се собираше, а мазгата низ неа сè потешко се пробиваше. Разголените гради на средовечната јавачка ги раздвојуваше шипка околу која од долната страна се беа склопиле нејзините прсти. Горниот дел со железен обрач го прицврстуваше вратот на жената столчена од чемер за кој нема помош, така што се чинеше дека зависи од гаротата како што сакатиот зависи од патерицата, дека би свиснала без тој потпирач, како што свиснуваат главите на црните племенски убавици кога ќе се ослободат од алките со кои од раѓање им ги раздвојуваат пршлените на лебедовиот врат.
    Во миговите кои не водат кон никаков излез, кога сè е приведено кон крај на непоправлив начин, положбата на клепките на спуштеното око и аголот на собраните усни создаваат некаква особена, надолна геометрија. Цртите на немиот очај одеднаш излегуваат од кругот кои самите го опишале, го напуштаат овалот на напатеното лице. Да го нема металниот прстен кој ѝ ја крева брадата – помислив гледајќи во призорот кој во бакар го врежала раката на Гоја – можеби лицето на жената на мазгата би останало празно, без трагови на човечност. Од него би исчезнале очите, веѓите, носот и устата. Сите црти на нејзиното лице би се издолжиле во болка, би се стопиле и би истекле од под превртениот корнет на онаа смешна шапка со сила надената на женината глава. Би умрела пред погубувањето. Вака, во нејзиното понижување има достоинство. Кога ќе ја стегне обрачот на гаротата, ќе умре со кренато чело.

* * *

    Во еден од споредните ходници на британската Национална галерија се сместила, скромно и ненаметливо, познатата збирка


Ова е извадок од:
еКнига
Печатена книга




Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+