Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 53 | година X | март-април, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 53март-април, 2007
Проза

Банана

/7
стр. 1
Габриела Стојаноска-Станоеска

    Дали можете да претпоставите како предисториските женки јаделе банана? Дали знаете како денес некоја жена јаде банана? Како се јаде банана на плантажите во Кипар, како во Африка, како во Бакингемската палата? Дали знаете како некој маж јаде банана? Како еден пребарувач на контејнери јаде банана, како некој актер во комедија, а како Кире Бананамен? Како мајмунчето Алис јаде банана? Што прво ќе помислите ако поминете покрај група момчиња кои истовремено јадат банани? Дека се спортисти пред тренинг?
    Ме интересира како лично вие јадете банана (ако воопшто јадете, се разбира). Еве на пример, како ја лупите бананата? Од кој крај почнувате да ја лупите? Што чувствувате додека ја лупите? Што чувствувате додека ја отворате широко устата? Што кога ќе ја гризнете? Што, додека ја џвакате? И што откако ќе ја голтнете?
    Да замислиме дека сте дека присуствувате на некој прием, на ред е овошјето, многу раце една по една се подаваат кон кристалните садови и позлатените овали со пирамиди од овошје… дали ќе посегнете по портокал, киви или банана? Зошто портокалот? А зошто бананата? Дали можеби посакувате да ја земете бананата, а сепак земате портокал? Не, вие сте од оние кои земаат токму тоа што сакаат, банана значи. И? Дали останувате тука и ја лупите каде што се затекнавте или се повлекувате на некое друго место? Ви доаѓа ли на ум да земете уште една и да му ја понудите на вашиот соговорник за да не бидете сами во јадењето? Или можеби велите: „А да си ја поделиме еднава банана, мене ми е многу една цела?“ Не, ја отфрлате таа опција, тоа не е културно, па како ќе ја земе излупената половина? Секој својата или подобро и без неа. Веќе сте ја зеле, залупиле, таа се смалува рамномерно под вашите рамнодушни гризнувања, небаре јадете колаче, и слушајќи го соговорникот, ете, дури и заборавивте да ѝ се насладите понесени од неговата приказна… но, сепак добро ќе му дојде на вашиот желудник… Или можеби ви е криво што сте принудени да слушате, па не можете да се сконцентрирате на нејзиниот вкус… или пак глумите дека уживате и во разговорот и во бананата, а всушност брзате да се ослободите од тој предмет во раката заради кој ви се чини дека некако поинаку ве гледаат господинот и госпоѓата што муабетат во аголот… или можеби сите ве погледнуваат и се потсмевнуваат… или што е уште и потрагично дури и вашиот соговорник е сигурен дека немате поим за






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+