Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 53 | година X | март-април, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 53март-април, 2007
Есеи

Нови стари времиња на Балканот: Во потрага по културен идентитет

/12
стр. 1
Наум Пановски

Стоев на брдото и го видов Старото како иде, но доаѓаше како Новото , „Парада на старото ново“, Бертолт Брехт, Песни, 1913-1956

„Сараево“ на Горан Стефановски, продукција Undermain Theater, Dallas, 1995. Режија: Наум Пановски. Фотографија: Паоло Ракањи.

     Во пролетта на 1992, онаа Југославија којашто ја познавав, вистинска мултиетничка и мултикултурна држава во самото срце на Балканот, престана да постои и исчезна од мапата на Европа. Во многу краток период, југословенскиот мултикултурен ентитет и идентитет беа уништени и испреплетениот интеркултурен простор беше поделен во повеќе мали национални култури. Идеализмот, хуманизмот и етичките вредности исчезнаа, додека во светот алчен за пари и брза заработка, на мапата разјадена од војни се појавија прагматизмот и бесскрупулозноста. Цивилното и урбаното беше осудено на прогонство, додека сè што беше рурално, примитивно и брутално се претвори во стандард. Религиозниот и политичкиот догматизам завладеа со умот на луѓето, знаењето се занемари, а незнаењето почна да се цени. Отворените граници се затворија, богатиот и жив уметнички и интелектуален живот беше збришан, гласовите на различното мислење беа стишени, а градовите ги сменија своите имиња. Светот се подели на два табора: предавници и херои. Турбо фолкот победи во „балканскиот бар“[1]. Човек на човека пак му стана волк.
    Во овој процес на транзиција кон нови демократски вредности, она што порано важело за вистина се прогласи за лага, правилното стана погрешно, бандитите и криминалците се самопрогласија за жртви, она што некогаш било историја – ах, историјата и онака е палимпсест – беше поништено и стана дел од човечката индивидуална меморија и лична митологија. Како што напиша босанскиот драматург Џевад Карахасан во својата книга Сараево: Егзодус на Градот, „нашиот живот беше преселен од реалното во идеалното“, и стана замрзната слика од едно време што исчезнало засекогаш“[2].
    

„Хотел Европа“ на Горан Стефановски. Продукција: Interkult, Шведска, 2000. Фотографија: Бернд Улиг.

ЖИВОТ ЗАД ЅИДОТ

    Сите оние кои се водеа по етнички и националистички принципи процесот на дизентеграцијата на Југославија – заеднички дом на многу словенски и несловенски нации – го гледаа како ослободување. За нив Југославија беше „зандана на нациите“. На тој начин, фасцинантните зборови „ослободување“ и „слобода“ во новите мали држави кои се појавија по смртта на Југославија – Босна, Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија – добија посебно место. Станаа најчесто употребувани и злоупотребувани изрази.
    Во текот на последната деценија од дваесеттиот век, кога падот на Берлинскиот ѕид им носеше нов живот и вистинска слобода на многу источноевропски држави, за жал многумина не ги видоа новите невидливи ѕидови кои се поставува на територијата на Европа. Овие ѕидови беа поставувани за обичните луѓе на веќе непостоечката Југославија. Од една страна стоеја ѕидовите

_____________________________________

1. Ова е позната фраза често употребувана од познатиот хрватски романсиер Мирослав Крлежа кога во своите дела ја споменуваше поранешна Југославија.
2. Dzevad Karahasan. Sarajevo, Exodus of a City. Kodansha International: New York 1994. Џевад Карахасан е еден од најеминентните босански интелектуалци, драматург и романсиер кој моментално живее во егзил во Австрија.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+