Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 53 | година X | март-април, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 53март-април, 2007
Критика

Хармонијата на двојноста

„Собирачи и ловци“, избрани раскази од Томас Шапкот, Блесок, 2006


/4
стр. 1
Елизабета Баковска

    Како секој добар претставувач на нечие друго дело, би сакала да започнам со себе. Пред извесно време, ме запрашаа дали повеќе сакам (да пишувам), дали повеќе „ми лежи“ поезија или проза?
    Ова прашање, навидум стандардно, прозаично, отвора една подлабока дилема која допира до суштината на природата на човекот: дали, кога зборуваме за „двете/двата“ (или пак за повеќето) во нас, зборуваме за двојноста или пак за подвоеноста. Значи, во првиот случај, дали зборуваме за „двете“ во нас како за паралелно, напоредно, дури и хармонично постоење (коегзистирање) на две половини во една целина. Или пак, во вториот случај, зборуваме за поделеност, спротивставеност, па дури и судир, взаемно исклучување на двете.
    Тргнувајќи од поводот за овој текст, избраните раскази на Томас Шапкот, дилемата за двојноста и подвоеноста би сакала да ја претставам преку еден класичен, скоро сосировски триаголник карактеристичен за литературното (или поточно, прозното) творештво: оној што го сочинуваат авторот/творецот, приказната што тој ја раскажува, и нарацијата (начинот на кој тој ја раскажува приказната), како третата точка која го затвора овој триаголник.
    Да почнам од авторот: Се чини дека Томас Шапкот, сметководителот со лик на австралиски фармер кој станал поет што пишувал и проза, пензионираниот универзитетски професор, верува во првата опција: во хармонијата на двојноста. Таа е неговиот животен и творечки импулс: роден како брат-близнак во 1935 година во Австралија, дури до својата четириесет и трета година напоредно се занимавал и со бројките и со зборовите, пред да добие диплома од Универзитетот во Квинсленд како вонреден студент, а редовен татко на четири деца. Некаде пред својата педесетта година, оженет по вторпат, ќе ја пропатува Европа и Канада, а во Македонија во 1989 година, триесет и три години по објавувањето на својата прва песна, ќе го добие Златниот венец на Струшките вечери на поезијата.
    Денеска, осумнаесетина години подоцна, Блесок ни го претставува Шапкот како прозаист (по вторпат на македонски по објавувањето на неговиот роман Белиот елен на прогонот во 1988 година, во издание на Мисла), со овој авторски избор од десет раскази (преведен на македонски јазик од Игор Исаковски), кој, во истиот тој дух на неговата верба во двојноста, е насловен Собирачи и ловци (а не собирачи или ловци).
    Двојноста владее и со приказните кои авторот Шапкот овде ни ги пренесува. Така, расказите Црвената шапка и Што да се стори во мигот¸ кои функционираат на лично и интимно, скоро биографско ниво, зборуваат за растењето, за трансформацијата на момчето во маж. Тоа е она само за пубертетот специфично коегзистирање на






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+