Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 53 | година X | март-април, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 53март-април, 2007
Критика

Едгар Алан По и џубоксот

(извадоци од критичките осврти)
Подготви и преведе на македонски: Магдалена Хорват


/9
стр. 1
повеќе автори

Незавршените песни на Елизабет Бишоп во новата постхумна збирка „Едгар Алан По и џубоксот: Несобрани песни, скици и фрагменти“ приредена од Алис Квин (“Edgar Allan Poe & the Juke-Box: Uncollected Poems, Drafts and Fragments by Elizabeth Bishop” ed. Alice Quinn; Farrar, Straus & Giroux, 2006) неодамна разгореа дебата во литературните кругови – за некои критичари објавувањето на книгата фрла светло врз креативниот процес на Бишоп, а за други е предавство.

Дејвид Ор, Њујорк Тајмс

    … Во втората половина на 20. век, ниеден американски уметник во кој било медиум не беше поголем од Бишоп (1911-79). Што твореше во една од најмалку популарните сфери, поезијата, не е важно. Што беше жена не е важно. Што беше лезбијка не е важно. Што беше алкохоличар, иселеник и практично сирак – ништо од тоа не е важно. Важно е што остави творечки опус што нè учи на еден, како што вели Итало Калвино за литературата воопшто, „метод толку суптилен и флексибилен што е еднаков на отсуство на каков било метод“. Објавувањето на „Едгар Алан По и џубоксот“, која за првпат ги собира необјавените материјали на Бишоп, не е само значаен настан во нашата поезија; тоа е дел од континуираното менување на опсегот на американскиот живот.
    Само не очекувајте таа промена да биде најавена со фанфари. Во еден омаж на Бишоп, Џејмс Мерил славно го посочи нејзиното „доживотно имитирање обична жена“, а забелешката важи за нејзиното пишување исто колку и за однесувањето. Од почетокот, творештвото на Бишоп беше описно наместо наметливо, разговорно наместо реторичко и воздржано наместо исповедно. (Беше и тешко да се најде: за време на нејзиниот живот, беше објавила само деведесетина песни.) Ова е изненадувачко од две причини. Прво, нејзиниот приод е сосема различен од модусите омилени меѓу нејзините посамобендисани современици – Роберт Лоул, Џон Бериман – како и од себеразголувачките стилови што тие ги инспирираа. Второ, ако верувате дека уметноста е огледало на животот, воздржаноста е спротивното од тоа што би го очекувале од Бишоп, чија биографија содржи маки доволни за еден Свети Себастијан. Скратен список: татко ѝ умрел кога била бебе; мајка ѝ исчезнала во ментална болница кога Бишоп имала 5 години; нејзиниот дечко од факултетските денови извршил самоубиство кога одбила да се омажи за него и ѝ пратил проштална разгледница на која напишал: „Оди по ѓаволите, Елизабет“; и љубовта на нејзиниот живот, Лота де Маседо Соарес, со која живеела многу години во Бразил, смртоносно се предозирала во станот на Бишоп. Од писател со






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+