Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 53 | година X | март-април, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 53март-април, 2007
Галерија Осврти

Низ минатото, Берлин ја испишува сегашната историја

Кон Берлинскиот филмски фестивал, 8-18.02.2007


/7
стр. 1
Сунчица Уневска

Педесет и седмиот Берлински филмски фестивал, кој се одржа од 8 до 18 февруари, помина целосно во славењето на културната различност. Ориентирани кон таа идеја, организаторите очигледно така и ја подготвувале програмата, во рамките на која голем акцент беше ставен на различните културни поднебја, но не само во смисла на тоа од каде доаѓаат авторите, туку и во поглед на темите. Интересно е дека во рамките на таа определба некако неминовно заедно беа присутни и минатото и сегашноста, односно историските теми и темите кои се осврнуваат на современото живеење обременето со минатото, но и со сето она што го носи сегашноста. Целта на Берлин, како што на самото отворање на фестивалот беше нагласено, е Берлин да се реафирмира како водечка европска културна резиденција која ќе ја негува и поддржува различноста на културите. Но, она што ве тера да им верувате на ваквите, вообичаено формални изјави, е фактот видлив за секој посетител на овој интересен град, дека таа определба е присутна на секој чекор и дека Берлин веќе, за разлика од некои други европски градови, оваа различност навистина ја живее. Можеби токму затоа годинешната програма на филмскиот фестивал беше толку возбудлива, предизвикувачка и интересна, затоа што тој навистина успеа сето тоа да го вклопи, да го понуди, на некој свој начин да ги разбие бариерите и да го отвори патот до гледачите, кои пак од своја страна возвратија фантастично.
    Годинешната главна програма беше многу критикувана и тоа од две причини: прво заради нејзината сè поголема ориентација кон Холивуд, а второ поради мислењето на многумина дека се работело за послаба програма од изминатите години. Што се однесува до присуството на Холивуд, тоа навистина постои, но факт е дека тоа не ги донесе послабите филмови на фестивалот, напротив. А коментарите за послабата програма апсолутно не се издржани, особено ако се земе предвид дека од 26 филма во официјална конкуренција дури 12 беа навистина солидни. А тоа е резултат што секој фестивал сака да го постигне.

Оригиналност што ја вознемири публиката

Туината венчавка

Првенствено кинескиот филм „Туината венчавка“ на Ванг Кван, кој на особен начин ѝ прави посвета на Монголија, на еден начин на живеење, традиција и корени кои сè повеќе го губат своето значење. Ванг Кван, кој меѓу другото и фантастично ги слика овие степи, се обидува да ја задржи земјата која е на пат да исчезне, да ја зачува во своето, но и наше сеќавање колку што може подолго. Монголија која






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+