Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 53 | година X | март-април, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 53март-април, 2007
Галерија Осврти

Радост на сликањето

/14
стр. 1
Златко Теодосиевски

Поводот за оваа изложба на македонскиот сликар Сергеј Андреевски – 20 години творештво – секако, сам по себе, е посебно значаен. Тоа пред сè претставува бележит јубилеј на уметникот, достоен за сериозно одбележување, а едновремено нуди извонредна можност за поцеловито согледување на неговото досегашно сликарство.
    Сепак, од друга страна, поводот можеби е еден, но причини за едно вакво навраќање на сликарството на Сергеј Андреевски има повеќе. И тоа сериозни!
    На пример, последниве десетина години сликарството на Сергеј е сè помалку присутно на македонската ликовна сцена. Негова последна самостојна изложба кај нас е онаа во 1998 година, во Музејот на град Скопје. Што, пак, никако не значи дека Сергеј престанал да слика или да ги изложува своите дела.[1] Дури напротив: тој слика можеби и повеќе од порано! Но тие, делата, односно тој како уметник е повеќе присутен во странство (Германија, Јапонија, САД, Кина…) отколку дома.
    

    Потоа, последнава деценија македонската уметничка сцена како целосно да го заборави сликарството. Со безмалку безрезервна поддршка од критиката и институциите, таканаречените нови медиуми / нови технологии сосема некритички се промовираа како единствен актуелен уметнички исказ. И во таква констелација на „трчање по актуелното“ (се) наметнаа статисти како главни актери!
    Понатаму, македонската средина (и не само во уметноста) како да престана да ја цени креативноста. Во општата поплава на провинцијализам и кич вредности, а тотално некритички поддржани особено од медиумите, и во уметноста се инфилтрираа дневни „штосови“ и магловити „концепти“, импорт реплики и квазиелитизам! Речиси комплетно ги заборавивме/запоставивме континуитетот и квалитетот, развојната структура и креативната логика на творештвото.
    На крајот, но не како најмалку важно, дури напротив: Сергеј Андреевски е еден од малкумината преостанати претставници на силниот, чистиот, искрениот … квалитетниот колоритен македонски експресионизам во сликарството – правец некогаш толку ценет, снажен и секогаш потенциран како типичен уметнички исказ на ова поднебје. Ценејќи според (не)присуството на експресионизмот (иако сè уште легитимен и актуелен израз во светот) во нашите изложбени простори, некој ќе рече дека тој е одамна мртов. За среќа, не е така!
    

    Заради сето претходно, оваа изложба ја гледам и како еден вид предизвик.
    Прво – за јавноста, по подолго време да се соочи со едно творештво развивано во континуитет од дваесет години. За жал, вакви творци и вакви изложби се сè поретки.
    Второ – за институциите „надлежни“ за ликовната уметност, со надеж дека творештвото на Сергеј Андреевски ќе биде само поттик за посериозен пристап и (ре)валоризација на досегашните повеќегодишни опуси на редица еминентни македонски творци „вон актуелниот бран“. Зашто уметноста никогаш не

_____________________________________

1. Всушност, примерот на Сергеј Андреевски не е осамен и не е единствен. Можат да се посочат редица македонски уметници, особено од средната и постарата генерација, кои (веќе) свесно одбиваат да изложуваат во македонските ликовни институции. Причините навидум се различни, но според искуството на потписникот на овие редови тие сите се главно единствени во незадоволството од: културната политика кон ликовната уметност; изложбената политика на македонските институции; односот на медиумите итн.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+