Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 53 | година X | март-април, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 53март-април, 2007
Галерија Осврти

Двојната дискурзивност на еден фото-есеј

/3
стр. 1
Небојша Вилиќ

     На почетната фотографија од последователната низа на фотографии на Владимир Арсовски прикажан е женски акт кој во рацете држи златна рамка и кој стои пред црно-бела фото-заднина, која пак прикажува еден женски фото-модел. Со тоа се отвора двојната дискурзивност во оваа низа од различно форматни шест црно-бели и седумнаесет фотографии во боја. Парадигматичноста на оваа фотографија за целата низа се согледува во нејзините две основни составки.
    

    Првата е онаа на авторот – субјектот на обликовната постапка: кадрирањето и двоумењето околу изборот на техниката (боена или црно-бела), односно, земено заедно, пристапот на авторот кон сопственото обликувачко искуство и потреба. Овој заклучок произлегува, односно, се пронаоѓа во присуството на златната рамка во рацете на женскиот акт. Таа, рамката, од една страна, а пред сè заради нејзината златна боја, упатува на умереноста и дефинираната пропорционалност на античкиот златен пресек, поточно, античкиот концепт за совршенство. Приближувањето кон урамнотежувањето на обликовниот процес во кадрирањето на стварноста (имплицитниот ре-презентативен аспект на фотографскиот медиум) се согледува во кадарот сместен внатре рамката. Но, овој „кадар во рамката“ се заменува со неговото проширување, при што во „кадарот на фотографијата“ (субјективниот, авторски исечок од стварноста) се појавуваат уште два ре-презентативни моменти: потполниот женски акт во боја и другата, црно-бела фотографија на моделот од фото-заднината. Доколку ова надминување, проширување го префрлиме во споредбен однос со/во тековното фотографско творештво на овие простори, тоа може да се протолкува и како негово надминување и проширување. Поинаку кажано, во оваа фотографија се согледува потребата од надминување на дискретното присуство (воглавно само навестено) на женскиот акт во македонската фотографија, воопшто. Следот на фотографии само ја потврдува (со натрупување, односно, со присуство на голем број на фотографии од фото-есејот) оваа доследност во подготвеноста на авторот да проговори за различните аспекти на актовата фотографска уметност.
    

    Што се однесува, пак, до авторовото двоумење која од техниките да ја употреби, тоа се согледува во алтернирањето на боените и црно-белите фотографии во редоследот на низата од фото-есејот, а најавени уште на оваа, почетна фотографија во двојството на боениот женски акт и црно-белиот модел од фото-заднината. Од друга страна, во низата е присутно и едно друго двојство, а тоа е изборот на технолошкиот медиум во записот на фотографската матрица согледлив во двојството на материјалноста на актот (како метафора за аналогонот) и големоформатниот дигитален отпечаток на моделот во заднината (како метафора за дигитот). Тука, или со тоа, авторот започнува со аналогно запишување, за подоцна (кон крајот на низата) да се префрли на дигиталното. Моментот






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+