Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 53 | година X | март-април, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 53март-април, 2007
Галерија Осврти

47-ми Меѓународен филмски фестивал во Солун

Противречностите мируваат


/8
стр. 1
Георги Василевски

Враќање дома, Раба Амер

Стагнацијата значи уназадување

    За европските кинематографии, во чии естетички лаборатории своевремено се кристализираше уметничката супстанца на новиот медиум, веќе од поодамна се зборува како за декоративен, но цврсто утврден бедем на конформизмот. 47-та филмска смотра во Солун убедливо ја докажува вистинитоста на оваа теза, чии консеквенции, се чини, не им создаваат големи главоболки на продуцентите. Нивните сериски фабрикувани производи имаат своја публика на која ѝ годи гламурозната забава заштитена од злобните јазици на социјалната, моралната или политичката критика. Списокот на филмовите со содржини во кои грижливо се бараат и глорификуваат суптилитетите на малограѓанскиот менталитет во кој на егоизмот и хипокризијата им се подигаат споменици, е непрегледно долг. Саможивиот, повластен граѓанин на модерниот свет има право на својот цинизам дури и во случаите кога зборува за колективните драми на цели народи.
    Во политичката драма Враќање дома, Французинот Раба Амер, на пример, се обидува да ги жигоса војната и махинациите на нејзините стратези, изоставувајќи да ги наведе интересите на инспираторите на ова зло. За да биде иронијата поголема, тој дејствието го лоцира во Алжир, неодамнешната колонија на Франција, во која денес, којзнае поради кои причини, владее политичка конфузија и социјален хаос. И Германецот Маркус Херлинг ќе се потруди да ги подзаборави идеалите од младоста на своите ликови во филмот влезен во официјална конкуренција, Јавајќи на чело, и нивното лицемерие да го турне во вителот на празнувањето на Исусовото раѓање, кога сите гревови се простуваат и кога лагата добива облик на убаво костимирана илузија.
    

Интимни стравувања на јавни места, Ален Рене

    Боите на европските кинематографии и нивното разнишано достоинство остана во прв ред да ги брани доајенот на авторскиот филм, Французинот Ален Рене, со неговиот најнов филм Интимни стравувања на јавни места, добитник на Сребрениот лав во Венеција и на францускиот пандан на Оскар, Сезар. Иако темата на приказната за шестмината трагачи по својата животна љубов ја експлоатирале со многу инвенција неговите далечни претходници уште од годините на Поетскиот реализам, таа во режијата на Ален Рене не изгуби ништо од свежината на инспирацијата, актуелноста на моралните конфликти и поезијата на сонот по среќата.
    И Полјаците не изоставија да нè потсетат на престижот на својата кинематографија која до 90-тите години од минатиот свет суверено ја држеше челната позиција во хиерархијата на филмските сили во Европа. Нивниот претставник, Повлекување, што го режираше Славомир Фабицки, прогласен за најуспешен режисер на солунскиот фестивал, ја отсликува со безмилосна критика и сарказам бездната на социјалната несигурност на своите млади херои кои се на прагот на моралната деградација и бесчувствителноста






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+