Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 06 | година II | јануари, 1999



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 06јануари, 1999
Проза

Миз Амбрела

/6
стр. 1
Драги Михајловски

    Се појави од никаде. Од синото вашингтонско небо или од влажниот леплив воздух или од самата купола на Белата Куќа. Никој од нас не знаеше да каже. И веднаш, онака слабичка, со рејбан очила и чадор во левата рака го завзеде нашиот автобус.
    “This is my bus”! Чкрипеше нејзиниот неподмачкан глас небаре е Сибила во својата илјадита без тело залидана по светиот вавилонски говор а потоа додаде уште нешто, се закани со показалецот од десната рака со која грчевито го стегаше држачот зад седиштето од нашиот шофер, па уште нешто што требаше да биде нејзино име.
    „Што вели, што вели?“ ме праша Симон завален во седиштето до мене иако ми се стори дека мислите му се далеку во Македонија, како токму во тој миг, додека врвевме покрај високиот Обилиск што со двете прозорчиња наликуваше на камилавка од некој смраморен кјуклускановец, да расчистуваше некои прашања за осаменоста и смртта, за нашата балканска осаменост и смрт или пак се подготвуваше за лов на диви свињи по лазарополските забели над Радика.
    „Не вели ништо,“ реков и погледот ми заскита по задоволните бели, црни и жолти лица на патниците кои среќни по успешната утринска посета на Washington Times, а особено по обилниот ручек, удобно се беа завалиле во своите седишта. Отсекогаш сум ги мразел туристите. Сум ги гледал онака шарени, несоодветни, со фотоапарати преку рамо заџарени во ѕидиштата од црквите и манастирите, во нашите многуслојни тајни, или напикани во намерно развеселени автобуси како надмоќно зјапаат во нашата беда, без разбирање, без сочувство за нас надвор по улиците. А сега никако не можев да се оттргнам од помислата дека јас и овие триесетина учени луѓе од сите краишта на светот сме токму во нивна ситуација, најадени, напиени, напикани во овој автобус што требаше за три часа да мине покрај сè важно во овој град.
    “National Gallery of Art” мислам дека заголтна во микрофонот нашата водичка зашто зарипнатиот глас голташе цели слогови како да јадеше нешто или некого па мораше секој сам да си ја замислува од нејзе замислената информација.
    „Што вели, што вели?;“ ме праша пак Симон, а во здебелениот глас му се чувствуваше небаре баш сега, додека минувавме низ зелените авении или тие минуваа низ нас и ни ги ладеа мрзливите души, се вратил дома од лов по гостењето со вкусно зготвениот зајак или дива свиња па удобно се завалил пред телевизорот и зазјапал во некој плиток американски трилер.
    „Вчера го видовме Пикасо. Раните обиди. Објаснува за тие што не






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+