Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 53 | година X | март-април, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 53март-април, 2007
Звук Осврти

Препорачани албуми

/4
стр. 1
Васја Ивановски

_______________________________________________________________________

Koko Taylor – Old School
    Alligator Records ALCD 4915

Одлична вест е враќањето на кралицата на блузот! По долгогодишната пауза поради приватни и сериозни здравствени проблеми, љубителите на блузот низ целиот свет го поздравија повторното стапување на сцената кое се совпадна со издавањето на нејзиниот нов албум со одлични песни кој би требало да донесе номинации во повеќе категории откако годината ќе заврши. По релативно слабиот албум “Royal Blue”, новиот албум е она вистинското што можеше да се очекува од кралицата на блузот, извонредната Коко Тејлор, со одличен блуз материјал кој едноставно е есенцијален за секоја сериозна блуз колекција. Нејзините нови авторски песни носат силен интимен печат, за да можат лесно да е вклопат со експлозивните обработки на теми од други автори како Вили Диксон, Меџик Сем, Лефти Диз, И Џи Кајт и Мемфис Мини, помеѓу другите, песни кои отсекогаш беа од посебно значење за неа и кои сега дојдоа некако на ред да ги исполни како што само таа умее. Коко одамна не звучела толку добро, дури и кога била многу помлада; едноставно, како да одлучила да ѝ покаже на по малку изморената современа блуз сцена како треба да се интерпретира и доживува блузот. Придружена од два извонредни состави во кои беа познати и квалитетни имиња од калибарот на Боб Марголин, Били Бренч, Крис Џонсон и Марк Казаноф, Коко совршено интерпретира дванаесет композиции што ги сними во Чикаго, и на тој начин покажувајќи, зошто овој град на ветерот, меѓу другото, сè уште е едно од централните места на блуз сцената. Конечно, покрај сите моменти, магијата на овој албум не се музичарите ниту песните, туку начинот на кој Коко, на 78 годишна возраст, тотално му се предава на блузот подарувајќи му на секој љубител на оваа музика нешто што треба да се цени и чува како највисоко достигнување. Сите теми заслужуваат внимание, но во овој момент би се определил за: Bad Avenue, All Your Love, Hard Pill To Swallow, Piece of Man и Black Rat.

звучен запис

Les Marvellous Pig Noise – Droles De Mammiferes
    Dixiefrog Records DFGCD 8618

Составот “Les Marvellous Pig Noise” е формиран во 1996 во францускиот регион Лоара, кога група улични свирачи реши својата музика да ја сфати посериозно и да ја подигне на едно повисоко, професионално ниво. Тоа доведе до создавање компактен електричен квинтет кој продолжи со почитување на правилата на сопствениот музички израз: совршени вокални хармонии, квалитетно музицирање и совршен






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+