Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 06 | година II | јануари, 1999



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 06јануари, 1999
Проза

Телефонирај-му-на-Евреин

/5
стр. 1
Константи Геберт

    Тие што се јавуваа обично беа доста засрамени.
    – Вие не ме познавате… – тој или таа ќе замуцкаа – но го добив Вашиот телефонски број од тој-и-тој, и тој рече дека можете да ми помогнете. Видете… – повторно незгоден молк – … јас сум со еврејско потекло, и не знам кому да се обратам…
    Да се биде Евреин во Полска, во осумдесеттите беше нешто како проблем. Двете еврејски организации, официјално толерирани од власта, имаа заедничко членство кое броеше околу пет илјади, со просечна возраст од околу шеесет години, и правеа сè што можеа да не бидат забележани – ниту од властите, ниту од народот, од никого. Во секој случај, оние кои што ми се јавуваа, ни на крај памет не би им паднало да им се обратат ним. Првата, Еврејската Социо–културна Асоцијација беше обележана со нејзината непоколеблива лојалност кон Комунистичката партиска линија дури и во време кога сета земја вриеше од револт. Другата, Ортодоксната кехила, изгледа дека беше премногу далечна за луѓето кои беа израснати во асимилирани семејства, и кои најчесто беа деца од мешани бракови или пак самите тие се во таков брак. Сè што тие знаеја за нивното еврејство, за нивниот „јидишкајт“, беше само едно чувство на вина од сознанието дека го имаат тоа потекло, и колку и да се трудат, не можат да направат ништо за да го снема. Таквите, ние ги викавме: „насукани Евреи“.
    Анти-семитизмот обично беше одлучувачкиот фактор што таквите ги тераше да се заинтересираат за истражување на своите корени. Навистина, некои од „насуканите“ имаа успеано сосем да го сокријат својот идентитет пред најголемиот дел од своите пријатели; некои пак, беа прифатени од своето опкружување, заедно со своето еврејско потекло. Сепак, навредливите – иако не нужно злонамерни – коментари и вицеви, потоа разни натписи во печатот или говори на црковните свечености, сето тоа ги правеше постојано претпазливи и на штрек. Тие секогаш мораа да бидат подготвени, да знаат како да реагираат, и постојано да балансираат меѓу самоодржувањето и самопочитта.
    Други пак, живеејќи во нешто посреќни околности, беа без разлика заинтригирани од референците на едно наследство за кое знаеја дека е нивно, а сепак без речиси никакво знаење за него. И колку што повеќе ќе читаа – а некогаш дури и некаква карма-каша која што ги вклучуваше и Шалом Еш и Протоколите на Старите од Зион – толку повеќе заинтригирани и дезориентирани се чувствуваа.
    А некои едноставно сакаа да знаат за што е всушност, сета таа гужва.
    Исто и ние.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+