Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 54 | година X | мај-јуни, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 54мај-јуни, 2007
Проза

Катедрала

/13
стр. 1
Рејмонд Карвер

    Слепиот човек, стар пријател на жена ми, требаше да преспие кај нас. Жена му умрела. Затоа беше на посета кај роднините на својата мртва жена во Конектикат. На жена ми ѝ се јави од кај родителите на жена му. Се договорија. Ќе дојде со воз, пет саати пат, а жена ми ќе го чека на станицата. Таа не го видела откако работела за него, во Сиетл, едно лето пред десет години. Но таа и слепиот останале во контакт. Си снимаа ленти и си ги праќаа еден на друг. Не ѝ се радував на неговата посета. Не го познавав. А тоа што беше слеп ми пречеше. Мојата слика за слепилото потекнуваше од филмовите. Во филмовите, слепите се движеа бавно и никогаш не се смееја. Понекогаш ги водеа кучиња-водичи. Не му се радував на слепиот во мојата куќа.
    Тоа лето во Сиетл нејзе ѝ требала работа. Немала пари. Човекот со кого требало да се омажи на крајот на летото бил во школата за обука на офицери. Ни тој немал пари. Но таа го сакала типот, и тој ја сакал неа, итн. Видела нешто во весник: се бара помош – Читање на слеп човек, и телефонски број. Се јавила и отишла таму, веднаш ја вработил. Работела за тој слеп човек целото лето. Му читала студии на случаи, извештаи, такви работи. Му помогнала да ја среди својата канцеларија во обласниот оддел на социјалното. Станале добри пријатели, жена ми и слепиот човек. Како ги знам овие работи? Таа ми ги кажа. А ми кажа уште нешто. На нејзиниот последен ден на работа, слепиот ја прашал дали смее да ѝ го допре лицето. Таа се согласила. Ми рече дека со прстите го допрел секој дел на нејзиното лице, носот – дури и вратот! Тоа никогаш нема да го заборави. Дури се обидела да напише и песна за тоа. Постојано се обидуваше да напише песна. Пишуваше по една или две песни секоја година, обично откако ќе ѝ се случеше нешто навистина важно.
    Кога почнавме да излегуваме, ми ја покажа песната. Во неа, се сеќаваше на неговите прсти и начинот на кој се движеле по нејзиното лице. Во песната, кажуваше за тоа што го осетила во тој миг, што ѝ минало низ главата кога слепиот ѝ го допрел носот, потоа усните. Се сеќавам дека песната не ми се допадна којзнае колку. Нормално, тоа не ѝ го кажав. Можеби едноставно не се разбирам во поезија. Признавам дека поезијата не е првото






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+