Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 54 | година X | мај-јуни, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 54мај-јуни, 2007
Есеи

Ана Карењина: Спекуларните моменти во дискурсот на љубовникот

/19
стр. 1
Џорџ Митревски

A. Вовед

    Терминот „спекуларен момент“ е метафорично читање на описот на Жак Лакан на „фазата на огледалото“ во развојот на детето. Според Лакан, на возраст од некаде меѓу шест и осумнаесет месеци, детето се препознава себеси во огледало, и ја согледува сликата во огледалото пред себе како целост, насетувајќи чувство на идентитет и целина на себеси преку спекуларниот Друг. Детето ја изведува својата вредност и го здобива својот идентитет преку оваа надворешна, одразена слика, замислувајќи дека коинцидира со неа. „Додека тоа [детето] се доживувало себеси како безоблична маса, сега тоа се здобива со чувство на целост, идеална комплетност, и сето тоа без напор. Ова задоволувачко искуство на фазата на огледалото е метафорична паралела на едно ненарушено единство на внатрешното и надворешното, совршена контрола која овозможува брзо задоволување на желбата“ (Wright, 108). Ова е момент на идилична комуникација меѓу детето и неговиот одраз во огледалото. „Овде означувачот и означеното се исто толку хармонични како и кај знакот на Сосир“ (Eagleton, стр. 166). Со посматрање на својот одраз во огледалото кој ги имитира движењата кои тоа му ги диктира, детето ги открива и ги потврдува своите способности за манипулација. Рагланд-Саливан (Ragland-Sullivan) забележува дека фазата на огледалото кај Лакан мора да се разбере како „метафора за визијата на хармонијата на еден субјект кој во суштина е нехармоничен“ (27). Фазата на огледалото кај Лакан вклучува безброј фази, а првата е „спекуларниот момент“.
    Во овој труд, сакам да повлечам една метафорична паралела меѓу детето во спекуларниот момент на фазата на огледалото кај Лакан, и појавите во дискурсот на вљубениот субјект во романот на Толстој „Ана Карењина“, каде субјектот, во потрага по некоја вистина, доживува моменти на целосно препознавање и сфаќање на вистината. Друго метафорично читање на спекуларниот момент кое ќе го примениме во разгледувањето на овој роман е дека тој е израз на неуморната желба на субјектот да го најде совршениот знак кој води до разбирање на значењето на неговото постоење, или местото на љубовникот во љубовната врска. Тоа е момент која субјектот замислува дека оваа желба е задоволена.
    Пронаоѓањето на спекуларните моменти во романот треба да биде едноставна задача. Она што може да открие нешто повеќе за општата естетика на романот е да се посматра како авторот ги мотивира, и да се истражи местото на лингвистичкиот знак во спекуларниот момент. Верувам, и се надевам дека тоа ќе го покажам во овој труд, дека спекуларните моменти во дискурсот на љубовникот во романот на Толстој се всушност единствени искуства,






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+