Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 54 | година X | мај-јуни, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 54мај-јуни, 2007
Критика

Секој потег што го правиш

/3
стр. 1
Питер Роуз

Питер Роуз, уредник во Австралиската книжевна ревија, вели дека Дејвид Малуф е суптилен уметник што пишува копнежливи и метафизички приказни во освртот на новата збирка раскази „Секој потег што го правиш“ (Chatto & Windus, 2006) објавен во Острелијан [http://www.theaustralian.news.com.au/story/0,20867,20637567-5003900,00. html]

Изминаа десет години од последниот роман на Дејвид Малуф, „Разговори кај потокот Карлоу“ (The Conversations at Curlow Creek), а 13 по „Сеќавања на Вавилон“ (Remembering Babylon), кој многумина го сметаат за неговиот најголем успех. Би било претенциозно да прашаме дали сме го виделе последниот од неговите романи: неговата долга кариера во литературата отсекогаш имала сигурна, софистицирана насока, течно движејќи се од поезија до проза до либрета до критика.
    Малуф ја има спомнато неговата љубов кон расказите, дури и кон тие што ги оставил настрана како неубедливи или незавршени. Ќе им се наврати години потоа и ќе открие дали му значат нешто. Ужива во жанрот поради слободата што му ја дава да истражува различни видови свест, за разлика од опсесивната задача да обликува еден свет, еден сензибилитет, една група судбини. На 70-годишна возраст, романсиерската преокупираност можеби веќе не му се допаѓа.
    Шест години по неговата последна збирка, „Нешта од сништа“ (Dream Stuff), Малуф објавува седум раскази во „Секој потег што го правиш“ (Every Move You Make). Должината варира, но гласот е постојан и доследен: затегнат и неукрасен. Спектарот теми, возрасти, ликови и милјеа е широк како и секогаш, со временски ограничувања. Научивме да не очекуваме портрети на современа Австралија од Малуф, кој секогаш се чинело дека е посреќен со колонијални мотиви, идеи за детството или теми од военото време. Клајв Џејмс, критикувајќи ја „Нешта од сништа“, посака Малуф повторно да се сконцентрира на сегашноста, и сугерира дека делото е заглавено во Аркадија. Несомнено, ликовите во новата збирка – често продуховени и интроспективни – се движат низ еден простран, изолиран свет што малку наликува на богатата, груба, незаситна Австралија од 21-от век.
    Како и во повеќето текстови на Малуф, приказните на ликовите се лични, копнежливи, метафизички, без какво било очигледно филозофирање. Малку се случува во овие раскази, токму како и во животот, како што еднаш нè потсети Вирџинија Вулф. Малуф е претпазлив кон заплети. Расказите се развиваат како расположенија, како нежно оркестрирани сонати. (Малуф има забележано дека, во неговата потрага по афинитети, тој ја гради структурата на неговите книги како музика.) За ликовите, ова може да подразбира оддалечување од семејството или поврзаноста или минатото, во една интензивно приватна иднина. Неколку ликови се чини дека ги






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+