Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 54 | година X | мај-јуни, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 54мај-јуни, 2007
Критика

Хаику – поезија на соединувањето

Кон Ден и ноќ на секојдневието од Јосип Ости и За врабец од Џек Галмиц, Блесок, 2007


/3
стр. 1
Владимир Мартиновски

Само гледам и
    не прашувам. Она сум
    кое го гледам.
Внатре во мене
    Светска вознемиреност
    И еден насмев
Јосип ОстиЏек Галмиц

    Една од луцидните констатации на кусиот, но исклучително инспиративен есеј „Хаику – еликсир на животот“ од Боривој Буква (објавен во списанието Лоза бр. 18, во превод на Марјан Минов) е дека создавањето хаику подразбира барем три нешта, три способности, три предуслови:
    „/1/ доживување – способност за вистинско, јасно, стварно доживување на себеси, светот и животот, вистинската стварност
    /2/ изразување – способност за изразување во зборови на тоа доживување, непроменливо, онакво какво што е
    /3/ живот – со соединување на самиот себе, светот, стварноста, животот, со соединување на доживувањата и изразувањата, настанува хаику.“
    Амалгамот на овие компоненти, како и терминот „соединување“ (и неговите многубројни конотации) не само што го сублимираат творечкиот чин на хаику-поезијата на едно општо рамниште, туку ни овозможува да го лоцираме еден од клучните заеднички именители на поетиките на современите хаику-мајстори Јосип Ости (1945) и Џек Галмиц (1951), чиишто дела се приопштени преку двете најнови повеќејазични изданија хаику-поезија на издавачката куќа „Блесок“:
    Повеќејазичноста на изданијата е првиот фактор на (лингвистичко) соединување. Во стихозбирката Ден и ноќ на секојдневието хаику-песните на Јосип Ости почиваат на иста страница во нивните македонски, словенечки, хрватски/босански и англиски верзии, додека песните на Галмиц – на англиски и во македонски препев. Автор на македонските препеви на песните е Игор Исаковски. Вертикалното подредување на оригиналот и препевите (што го овозможува хаику-поезијата), на читателот имплицитно му нуди ретка привилегија: го повикува да ѕирне во творечката лабораторија на (пре)создавањето, на пеењето и на препејувањето на поетските пораки. Притоа, читањето на сите „верзии“ од едно исто хаику неретко овозможува соединување и нијансирање на семантичките пластови, додека од музичко–фонетски аспект во свеста на читателот се одигрува специфичен (повеќејазичен) ехо-ефект.
    

    Второто проникнување и соединување се одигрува на интермедијален план, кој е инаку длабоко вкоренет во традицијата на хаикуто. Како што уште од своите почетоци хаику-стиховите биле придружувани со ликовни дела во долгите свитоци, како што според песните се создавале хаиги и обратно, така и овие нови изданија од едицијата „Масин“ го продолжуваат, го поттикнуваат и го потенцираат дијалогот меѓу хаикуто и сликарството. Благодарение на илуминативниот зен–минималистички ликовен јазик од цртежите/хаигите на Мирослав Масин прелистувањето на книгите, меѓу другото, прераснува и во „читање/гледање“ на една мини–галерија. Мошне слично како во едно од хаику песните на Ости („Опишувам што / гледам. Гледаш ли ти






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+