Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 54 | година X | мај-јуни, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 54мај-јуни, 2007
Критика

Во честа на маргаритките

за збирката поезија на Нина Булгакова. ХаусМајсторот и Маргарита. – Скопје: Дијалог, 2006


/8
стр. 1
Весна Мојсова-Чепишевска

Во честа на маргаритките[1]

1. Прва можност за читање како поедноставна варијанта
    (ако не сте го препрочитале или ако не сте го читале воопшто романот Мајсторот и Маргарита од Михаил Булгаков):

    При првата можност за исчитување, а со тоа и за доживување на стиховите на Нина Булгакова тргнувам од нејзиното предупредување дека пред нас се распостила една премногу интимна поезија. И самата вели, во оној свој авто(пред)говор, дека наполно ја разбира нелагодноста на интимистите, што значи и дека ја прифаќа, ја поддржува, оправдува. Затоа и логички, дури и крајно оправдано прозвучува она нејзино признание: Одбивав да се разголам во поезијата, за малку подолу да ни укаже на вистинските причини заради кои потклекнала и сепак дозволила да се разголи, зашто додека јас одбивав, вели таа, Маргарита го сакаше тоа, Маргарита го можеше тоа! Во името на себепомирувањето (помирувањето со себе и помирувањето со другите) се случуваат овие нејзини стихови.
    Нејзиниот експресивниот став бара максимална слобода на полето на формалното. Затоа со нејзината песна владее еден внатрешен ритам кој исклучително е диктиран од емоциите. Сите свои чувства и стремежи Булгакова успева да ги збие во еден единствен збор, како што е тоа зборот бедем во истоимената песна со која се отвора збирката, или мевлем, круг, вечера, сутлијач, котелец, шпенадла… Онака како што тоа го прави човек совладан од своите чувства или дете во својата немоќ. Впрочем човечката личност е толку силна што со говорот, колку и да сака да изрази чисти мисли, секогаш и првенствено изразува емоции. Така одбраниот збор располага со најголема вредност на интензитетот и токму затоа кога е артикулиран, тој знае да се зарие во душата, таму да се вгнезди и да започне силно да притиска. Тој збор во повеќето случаи е рамен на еден празвук. А синтаксичката конструкција во нејзините стихови е всушност збир од токму такви празвуци, ритмичко поврзани:
    Бадем во грлото.
    Бедем во срцето.

    Бидермаер од сомнежи
    под балдахин од бакнежи.

    Брокат под бедрата
    и Мајсторот на Булгаков
    внимателно засолнет во недрата.
       (од Бедем)

    Булгакова секогаш знае да ја покаже својата умереност во изборот на зборовите кои ќе ги римува, но и да ја манифестира својата нескротливост во изборот на зборовите на кои ќе им допушти да си играат, како во песната Мантра:
    Мантрам
    и магии ти фрлам.

    Медалјон околу твојот врат.
    Мермер под твоите нозе.
    Метеор во твоите желби.
    Магнет во твоите мисли.
    Магнолија под твоите прсти.
    Мандала за твојата свест.
    Маг ти,
    јас магма!

    Мантрам
    и во мигновение –
    пак сум твоја муза.

    Прво вдахновение.

    И едно мало потсетување. Артур Рембо ја продолжи линијата започната со Бодлер и уште посмело се

_____________________________________

1. Зад самите маргаритки препознавам едно будење, една свежина, еден нов ветер во современата македонска поезија. Така што овој наслов не е само избран за да биде во дијалог со самата збирка на Булгакова, туку и за да покаже дека овие стихови му даваат нов здив на македонскиот поетски збор. Изразот „во честа на маргаритките“ е синоним за значењето „во честа на новата пролет во македонската поезија“. Имено, исповедната поезија станува особено препознатлива во т.н. фаза на интимизмот (1950-1955) која се случува како еуфорија од сознанието за правото на поетот да зборува во прво лице и за себеси. Иако и од порано постојат знаци за насочување кон поетовиот субјект, скршнувањето кон поинтимните сфери се случува доста забрзано и нагло во тој период. На почетокот во сето тоа има многу наивен романтизам и сентименталност, така што некои поети доста рано се уверуваат во ограниченоста и едностраноста на таквата приватна исповед или поточно се уверуваат во сопствена немоќ таквата приватна исповед да прозвучи како вистинска поезија. Но, оваа фаза на интимизмот во современата македонска поезија значеше, наспроти многуте оправдани резерви кон неа, и нејзино приближување кон вистинските региони на лириката и извесна реализација на еден порафиниран израз. А збирката на Булгакова е показ за еден таков нов рафиниран израз.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+