Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 54 | година X | мај-јуни, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 54мај-јуни, 2007
Галерија Осврти

Арачиново 2001

/1
стр. 1
Александра Петрушевска

„Арачиново 2001“ е проект кој го започнав во изминатава година презентирајќи ја мојата срушена куќа, и се состои од повеќе дела изработени во различни медиуми. Преку сликите (масло на платно) со навидум хипер-реалистички пристап ги доживувам сопствените искуства од актуелните случувања во Арачиново.
    Процесот на откривање на својата приватност ги покажува сите мои ставови поврзани со изгубениот дом во воениот конфликт, протерувањето, како и социјалните падови во општеството. Срушените ѕидови, искршените ќерамиди и паднатите покриви се дел од сегашната реалност.

Насочувајќи ја својата концентрација врз жешките прашања на актуелната животна пракса и искуства, на кое му претходеше процес кој ме доведе до ова крајно решение – фактичката ситуација да се пренесе на големи платна кои претставуваа почеток за остварувањето на проектот „Арачиново 2001“.

Идејата на овој проект е да ја претставам мојата реалност преку слики. Куќата ја изгубив пред 5 години во воениот конфликт во Арачиново, 15 километри оддалечено од центарот на градот. Живеењето како раселено лице во својот град е доволен поттик за почеток за реализација на еден ваков циклус.

Копнежот по сопствениот дом создава момент на идеализирање на сето она што си го изгубил и предизвикува чувство на револт и нарушено социјално живеење. Тука се јавува прашањето: до кога? До кога ќе мора да ги чувствуваме последиците на она што траеше многу кратко?…

Овој проблем го разгледувам од своја лична перспектива, преслушувајќи ги своите чувства. Сè што сакам да претставам е она што некогаш претставуваше топлина и засолниште, а сега постои во некоја друга форма: како да се запознавам со некој друг дом, предмети со друга реалност. Не зборувам за материјалните нешта, но за нешто подлабоко и суптилно кое што го градиме во некој простор и го оживуваме. Од оваа точка разбирам колку човекот може да биде емотивен или спротивно, деструктивен, склон кон создавање и уништување.

Во делата кои ги создадов до сега, во секое посебно јасно се гледа разлика во композициите. Почнувајќи од претставување целосен ентериер во демолирана, срушена состојба, а понатаму зумирајќи и концентрирајќи се на сегменти кои само асоцираат на деструкција а не се знае која била причината.

Сите сегменти на делата се земени од нашата семејна куќа.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+