Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 54 | година X | мај-јуни, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 54мај-јуни, 2007
Галерија Осврти

Годишна награда за млад ликовен уметник

/2
стр. 1
ДЕНЕС

_______________________________________________________________________

ДЕНЕС 2007

Центарот за современи уметности во 2002/2003, во соработка со Фондацијата за граѓанско општество од Њујорк, ја воведе годишната награда за најдобар млад ликовен уметник во Република Македонија до 35 години.

Наградата се доделува годишно. Процесот на доделувањето на наградата се состои од неколку фази:
    – Селекција на 4 номинирани уметници,
    – Групна изложба на 4-те номинирани уметници,
    – Стипендија за престој во САД за авторот /авторката на награденото дело.

Начинот на селекцијата е поделен во две фази:
    – Номинации на уметници за наградата, од страна на реномирани критичари на уметноста од Македонија и
    – Конечна селекција на номинираните уметници, од страна на Одборот за наградата, по разгледувањето на номинациите на критичарите на уметноста.

Првонаградениот добива стипендија од шест неделен престој во International studio во Њујорк.

Центарот за современи уметности е одговорен за подготовките и организацијата на сите домашни настани, додека за стипендијата во САД е одговорна Фондацијата за граѓанско општество од Њујорк.

Жирито во состав Оливер Мусовиќ, Христијан Панев и Атанас Ботев, одлучи наградата ДЕНЕС за 2007 година да му ја додели на Борис Петровски за делото Изобличувања.

Вера Ковачевска: Секојдневна уметност, уметноста на секојдневието

Во овој едногодишен проект, со однапред предвидено време на траење (03.01.2005-03.01.2006), авторката секој ден дисциплинирано, напати дури и опсесивно, забележува што се случило во текот на дадениот календарски ден и кои се нејзините размислувања околу тоа. Понекогаш детално, а понекогаш накратко, таа опишува најобични секојдневни „ритуали“ (јадење, спиење, гледање телевизија, итн.), најразлични ситуации од својот живот  (правење на апликација/дело за арт фестивал, барање на работа, боледување, патување во странство, итн.), како и размислувања околу актуелни теми (уметничката сцена во Македонија, професионалниот развој на уметникот, војната против терор, визниот режим, итн.).

Финалниот производ од овој едногодишен проект се вкупно 365 картички, кои содржат текст и фотографија (земена или најдена од авторката), од/за секој ден од годината. Во септември 2006 година овој проект беше презентиран во Музејот на современата уметност – Скопје каде што авторката подели по една картичка (завиткана во коверт) на секој посетител, а останатиот дел го испрати по пошта на блиски пријатели и соработници во неколку земји во светот. Преку актот на споделување и примање „подарок“ од неа, публиката стана и директен, не само индиректен (дел од неа беше спомената во текстот на картичките), учесник во создавање на делото.

Велимир Жерновски: Welcome to Skopje

Welcome to Skopje е серија на слики работени во техника акрил на платно и е прв сегмент од еден






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+