Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 54 | година X | мај-јуни, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 54мај-јуни, 2007
Галерија Осврти

Жестокиот ракопис на Југот

/1
стр. 1
Елизабета Шелева

Има некоја подлабока и таинствена причина во фактот, што првата самостојна изложба во Македонија на Драган Мијач – Бриле се одржува токму во Охрид. Таа причина, подеднакво е митска, колку и анегдотска! Од една страна, како аргумент за местоположбата на оваа изложба може да се смета гео-поетичкото содејство / созвучје на двете, за уметноста особено значајни, води – Јадранското море и Охридското езеро. Од друга страна стои, како не помалку важен, ткн. платонски аргумент: дружењето и сродноста по душа помеѓу овој ликовен автор од Црна Гора и неговиот, по потекло, Охриѓанец, колега и пријател Мирослав Масин.

Остварувањата на Драган Мијач се длабоко проникнати и суштински обележани од фундаменталниот грч во потезот, во линијата, бојата, во извивањето на ликовите и на телата. Овие, несомнено вознемирувачки, дела, кои им припаѓаат на различни ликовни жанрови, кај своите набљудувачи неизбежно ќе ја обноват магијата на грчовитата и незаобиколна убавина.

Портретите и телата се позиционирани така, што да и пркосат на гравитацијата, во полза на имагинацијата; а богатството на асоцијативните спреги (жена-виолина-овошка; маж-тотемски лик; „портрет“ на чевли со заби), со помош на интригантните и мечтателни пресврти на перцепцијата, вешто го разбива монохроматскиот „мрак“ на сликата и/ли скулптурата.

Ликовните записи на Драган Мијач откриваат еден несекојдневен и жесток сензибилитет, што се храни од повеќе различни извори и времиња. Тие како да се раѓаат од најмоќните сеќавања и митови, особено оние чијашто татковина е медитеранскиот Југ; односно, архетипската спрега на Ерос и Танатос; како и вечниот танц на морето и земјата,чии светови копнежливо се бараат и заемно се дополнуваат.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+