Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 54 | година X | мај-јуни, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 54мај-јуни, 2007
Галерија Осврти

„Во слава на Велигден“

/1
стр. 1
Луција Ѓурашковиќ

Она што во основа ја карактеризира ликовната поетика на Драган Мијач – Бриле, сеедно дали станува збор за скулптура, слика или цртеж, е исконскиот инстинкт, импулсивноста и силната експресија од кои извира јасна, детски соголена, емоција. Неговиот израз, по правило, во себе ја носи сета бура на доживувањата на медитеранскиот мит, од една страна осветлен со силно сонце, а од друга искапен во јужни дождови во кој се наѕира потсвесната болка која отсекогаш ги допира клучните прашања на смислата на постоењето на човечкото битие. Тоа е длабоко емотивен израз, создаден низ истанчено духовно проживување на светот кој го опкружува и животот низ кој не сака да мине како случаен минувач.

Цртежите кои му припаѓаат на циклусот „Во слава на Велигден“ на необично спонтан и непосреден начин во нас го будат длабокото сочувство со страдањето и животната вистина на Господ наш Исус Христос, кој со своето Воскресение успеал да ја победи смртта и да укаже на вечниот живот давајќи му со тоа смисла на нашето севкупно постоење. Композициите со сцените на Страданието Христово меѓу кои посебно се истакнуваат „Оплакување“, „Симнување од крстот“, како и неколку варијанти на „Распетие“ го откриваат Драган Мијач – Бриле како ретко надарен уметник кој успеал низ воспоставената

византиска иконографска схема, со својот експресивен индивидуалистички пристап, повторно да ја оживее сета историчност и суштина на жртвата на Христовиот страдалнички пат. Во потполност предавајќи се себеси на оваа замисла, како пред него постојано да извираат веќе видени библиски сцени. Во потребата да ги задржи, тој ги обликува со линија и судир на монохромни темни и посветли површини кои настануваат од специфичната природа на материјата каква што е мастилото од октопод. Како линијата на животот, тој линијата ја врежува за да ја изнесе на површина, за што подлабоко во неа да ја внесе сета емотивна сила на своето длабоко религиозно битие. Битие чиј дух го наоѓа своето смирување во франкловски нечујниот повик по смисла, по Христос како суштина.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+