Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 54 | година X | мај-јуни, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 54мај-јуни, 2007
Звук Осврти

Скопски блуз и соул фестивал, 2007

/3
стр. 1
Васја Ивановски

    Скопскиот блуз и соул фестивал се одржува секоја прва недела во месецот јули, така што и годинава не се отстапи од тоа правило. Исто така, запазен е и високиот квалитет на учесниците: сите тие се врвни во она што го прават, со што придонесуваат скопскиот фестивал да се вбројува во еден од најдобрите во Европа.
    Единаесетти по ред, фестивалот веќе има традиција во претставување различни блуз жанрови преку најдобрите репрезенти од целиот свет од кои некои се сметаат за живи легенди на блузот.
    

The Nimmo Brothers

    Фестивалот на 3-ти јули ќе го отворат извонредните “The Nimmo Brothers” од Глазгов, во моментот бездруго еден од најдобрите состави на британската блуз сцена. Во изминатата декада “The Nimmo Brothers” се докажаа како еден од најреспектираните модерни блуз состави на островот уште од времето на британскиот блуз бум од шеесеттите години од минатиот век. Совладувајќи ја својата блуз вештина слушајќи го блузот на великаните како “Fleetwood Mac” на Питер Грин и “Bluesbreakers” на Џон Мејл, немаше сомнение дека и самите кога ќе дојдеше време, ќе беа во состојба да креираат сопствен материјал поттикнати од иста страст за блузот како и нивните идоли. Браќата Стиви и Алан Нимо се вбројуваат помеѓу најдобрите гитаристи во Велика Британија, што доволно зборува само по себе, со оглед на бројноста на музичари од островот, музичари кои оставаат трага зад себе на сите места каде што настапуваат во татковината, Европа и САД. Покрај редовните обврски со составот, браќата Нимо се занимаваат и со самостојни дејности, кога обврските тоа го дозволуваат, Алан, на пример се смета за еден од најбараните тапанари(!) за студиска работа во Англија. Суштината на нивниот концертен имиџ најдобро може да се почувствува со слушање на албумот “Live At Cottiers”, снимен во нивниот град Глазгов во 2003 г. Нивната варијанта на блузот е составена од квалитетен, оригинален материјал кој, надополнет со грижливо одбрани стандарди, претставува движечка сила во функционирањето на составот, во кој експлозивниот сценски настап додава посебна арома која поголемиот број од останати состави не можат ниту во сон да ја замислат. Пропуштете го настапот на овој состав на своја одговорност!
    

Sherman Robertson

    Случувањата на 3-ти јули ќе бидат заокружени со настапот на Sherman Robertson, кој веќе сега се смета за „еден од најважните блуз музичари“ (Blues Revue), уметник кој „заслужува да се најде на кусата листа на најдобри музичари кои исполнуваат електричен блуз“ (Living Blues). Стилот на Sherman Robertson е силна комбинација на зајдеко, жежок свинг на електричниот Тексас блуз, ритам и блуз и






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+