Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 54 | година X | мај-јуни, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 54мај-јуни, 2007
Галерија Осврти

Арачиново 2001 на Александра Петрушевска

/2
стр. 1
Елена Велјановска

Првата самостојна изложба на Александра Петрушевска, претставува состојба која е во повеќе наврати забележувана низ историјата на сликарството. Таа се одредува за претставување на војната т.е. последиците од неа. Преку најразлични примери низ историјата војните се застапени во уметничкото творештво, како неизбежен дел од историјата, којшто само ја менува својата местоположба од еден регион во друг. Започнувајќи од грчките вази, каде што се многу чести испраќањата на војниците во битка, па се до најмасовните војувања во 20 век, од коишто се останати дела кои служат како симбол на војувањето (Пикасовата Герника, сликите и цртежите на Георг Грос и Макс Бекман), кај различни автори, со различен сензибилитет неминовно постои потреба за изразување на политички став во своите дела. Од почетокот на новиот милениум, терористичките напади кои кулминираат со нападот на САД, 2001 година го менуваат начинот на војување, но и веќе застарениот систем на одбрана. Терористичките акции се случуваат насекаде низ светот, клучните точки за напад се урбани јадра, а целна група граѓаните коишто ќе се затекнат на местото на настанот.

Циклусот насловен Арачиново 2001, започнат 2005 година, е директно инспириран од терористички акт, којшто се случи во Македонија, во истоименото скопско село, во 2001 година. Овој настан, по којшто следеа големи политички промени, предизвика и сериозни индивидуални последици. Од него најзасегнати се еден дел од жителите коишто беа таму затечени, а подоцна се здобија со епитетот раселени лица. Состојбата на раселено лице во сопствениот град, доведува до големи промени во автоперцепијата, во доживувањето на општеството и државните структури. Овој циклус е реално претставување на една состојба, предизвикана од конкретен настан, којашто во животот на оваа авторка, предизвикува коренити промени. Пресвртот во реалниот живот, неминовно се манифестира во творештвото и во развојниот пат на еден автор.

Концептот за оваа изложба започнува како процес на себе истражување, соочување со ново настанатата состојба и адаптирање. Секојдневното опкружување, силните емоции и револтот, се причини за ангажиран пристап којшто се карактеризира со една идеја: да се проговори гласно за проблемите коишто не мачат, наместо да се премолчуваат. Минувајќи низ сликите со урнатини, панорамски се поставува еден минат живот којшто е срушен, но и борбата со која се создал друг којшто е во развој. Оваа изложба е обид да се посматраат сопствените спомени низ други очи, објективот на фотоапаратот. Интересот за оваа тема прераснува во творечка фаза која што со оваа изложба ја достигнува својата зрелост.

Симболиката на урнатините се провлекува низ сите слики, свесно избегнувајќи






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+