Блесок бр. 55, јули-август, 2007
Поезија |
од „Суд(бин)ско толкување“
превод од словенечки: Лидија Димковска
/8 стр. 1 |
Депресија
Кај Црвената змија
Злосторство и казна
Сè најубаво за мене
Семејна трагедија
Божиќна
Во потрага по инспирација
Рандолска песна
_______________________________________________________________________
Депресија
Како да не бидам безволен
кога морам како маж во средни години
да чекам стиховите да ми станат зрели
додека светот сè повеќе станува научно-фантастичен.
Толку отапев што во џебот од панталоните
не го чувствувам повеќе ни вибрирањето на телефонот.
Кутијата што со само едно притискање на копчето
може да направи и забава
сеирџиски го пренесува погребот на претседателот на државата.
Гледаноста расте кога одблизу го покажуваат јагленисаното тело,
апаратите за мерење на гледаноста, пак, ги зафаќа лудило
кога камерата ги уловува несреќните лица на жена му и децата.
Во една друга земја земјотрес затрупал три илјади луѓе.
Според важноста жртвите на војната доаѓаат дури на трето место.
Компјутерското човече се чеша по главата.
И да нè заштити вегетаријанството пред пилешкиот грип,
сексуалната воздржаност пред СИДА-та
и немрдањето од дома пред САРС-от,
пак нема како да се извлечеме од едноумието.
По електронска пошта добив порака
– се надевам невирусирана –
дека ветената земја
вовела ембарго за увоз на литература од т.н. недемократски држави.
Да почнам ли да ја зголемувам мускулната маса во фитнес центри?
Да станам ли Super, Action или Spider Man,
но дали ти си подготвена да станеш моја Xena
за да го спасиме заедно светот?
Му прилега ли тоа на поет?
Колку привидна пристојност бара непристојниот свет!
Не знам дали да кренам раце,
да се искачам на блискиот рид
и да го посматрам штотуку паднатиот снег
или подобро да го сменам каналот,
па затоа денес, мила моја,
толку сум, толку безволен.
![]() |
Ова е извадок од:
• еКнига
• Печатена книга
Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.
Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!
01 02 03 04 05 06 07 08 09 10-11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61-62 63 64 65 66 67-68 69 70 71-73 74 75 76 77-79 80-81 82 83 84 85 86 87 88 89 90 91 92 93 94 95 96 97 98 99 100 101-102 103-104 105 106 107 108-109 110 111 112 113 114-115 116 117 118