Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 55 | година X | јули-август, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 55јули-август, 2007
Поезија

Чекорење во сенка

избор и превод од англиски: Игор Исаковски


/8
стр. 1
Тарек Елтаеб

Чекорење во сенка
Емигрирањето на ноќта од денот
Друга перница
Кафе и вода
Оловни зборови
Маски
Бикот
Скршената сенка

_______________________________________________________________________

Чекорење во сенка

Чекорев зад него
Како заробен во неговата сенка
Не скршнував
Како што тој сакаше
Не гледав со кого ни се вкрстува патот
И покрај неговите чести поздравувања…

Излегов од прекривката на неговата сенка
Незабележливо
И заслепен од сонцето
Се вратив назад по патот

Така скршнат
Го видов сето она кое тој го сокрил од мене
Долж сиот пат
Видов со кого сме се сретнувале
Почнав да го слушам она кое тој никогаш не ми го кажал
И покрај нагласеноста на неговите зборови

Не ми даде многу време
Да го досегнам своето сонце

Се бунтував против студенилото на неговата сенка
Против нејзината стемнетост
Грабев кон сончевите зраци
Стоев додека тој не замина со својата сенка
Чекав
Додека таа не исчезна

Чекорев сам
Со мојата сенка пред мене
Како со украс префрлен преку рамо
А се плашев дека некој наивен минувач
Ќе се вплетка во неа и ќе биде заробен

Затоа избрав друг пат
Широк и простран
Каде никој не чекори зад некого

Виена, 9 мај, 2000






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+