Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 55 | година X | јули-август, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 55јули-август, 2007
Проза

Сртот

/25
стр. 1
Умберто Еко

    Сеќавањата ми се проглотидни, како на тенија, но за разлика од неа тие немаат глава, скитаат низ лавиринт и секоја точка може да биде почеток или крај на патувањето. Морам да ги чекам да дојдат според својот ритам, следејќи ја сопствената логика. Така е тоа кога има магла. Кога е сончево нештата можеш да ги видиш од подалеку и можеш свесно да ги менуваш насоките за да дојдеш до нешто посебно. Во маглата нешто или некој ви се приближува, но не знаете што или кој сè додека не дојде поблиску.
    Но, кога размислувам за мојот живот во Ораторио можам да видам сè, како на филм. Нема повеќе проглотидно, туку еден логички редослед…
    Животот ми се промени на 11-годишна возраст, со моето евакуирање во Солара, во 1943 година. Во градот бев меланхолично момче кое со другарите од училиште играше неколку часови дневно. Останатиот дел од времето се дружев со книгите. Во Солара, каде што можев сам да одам до градското училиште и да трчкам низ полињата и лозјата, бев слободен и пред мене се отвораше широко пространство. И имав многу пријатели со кои скитав наоколу.
    Кога сојузниците го бомбардираа градот, од нашите прозорци во Солара можевме да ги видиме далечните експлозии, да го слушаме татнежот како грмотевици. Војната нè направи фаталисти, бомбардирањето беше како бура. Ние, децата, продолживме мирно да играме во вторник навечер, среда, четврток и петок. Но, дали навистина бевме мирни? Дали не стануваме забележливи по загриженоста, по зашеметувачката и ослободена меланхолија што го зафаќа секого кој поминува жив низ поле распослано со трупови?
    Во Ораторио, каде што ги поминувавме попладнињата после училиште, во суштина бевме слободни, а се собиравме само во шест часот, за катехизам и благословување. На страна од тоа, правевме што сакаме. Имаше една рудиментирана вртелешка, неколку лулашки и мал театар, каде што настапив за првпат во „Малата девојка од Париз“. Во Ораторио доаѓаа и постари момчиња, а дури и млади мажи, премногу возрасни за нас, кои играа пинг-понг или карти, но не за пари. Добриот човек Дон Коњасо, управителот на Ораторио, од нив не бараше да ја изразуваат верата. Доволно беше што доаѓаа таму, наместо во група со велосипеди да одат кон градот, дури и по цена на тоа да бидат зафатени со бомбардирањето во обид да се искачат кон Каса Роса, бордел познат ширум провинцијата.
    Токму во Ораторио, по 8 септември 1943 година, првпат слушнав за партизаните. Извесно време тоа беа само момци кои што се обидуваа да ги






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+