Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 55 | година X | јули-август, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 55јули-август, 2007
Есеи

Душан Јовановиќ – Игра на судбината и на човечноста

Ослободувањето на Скопје на Душан Јовановиќ (Матица, 2007)
– есеј на приредувачот –


/5
стр. 1
Лилјана Мазова

Поглед насочен кон работата на Душан Јовановиќ (1939), до каде се тие граници барем засега, согледби за тој огромен и разноличен театарски и друг опус, неговата поврзаност и значајност со и за Скопје, се основната/појдовна идеја за книгата Ослободувањето на Скопје, со поднаслов Антологија – игра и судбина. Книгата, која го има насловот на најизведуваната и највреднувана драма на Јовановиќ Ослободувањето на Скопје (474 страни), ја поделив во четири дела: Душан Јовановиќ за себе: Кој сум сега?, брилијантен автобиографски запис и Дали театарот и политиката се иста работа?, есеј; Избор на драми: Ослободувањето на Скопје (превод на Гане Тодоровски), Карамазови (п. Илија Милчин), Воена тајна (п. Бранко Варашлија), Антигона (п. Маја Лапе), Ѕидот, езерото, Егзибиционист и Карајан Це (трите превод на Лидија Димковска); Тријалог: театролошките студии – Долг и искрен љубовен однос (Лилјана Мазова), Душан Јовановиќ, ослободител на Скопје (Јелена Лужина) и Театар кој зборува за човекот и само човекот (Аља Предан); Фактографија: Библиографија и театрографија на Душан Јовановиќ, Душан Јовановиќ низ фотографии и Драми на Душан Јовановиќ поставени во Македонија (седум претстави работени според пет негови драми). Издавањето на книгата финансиски го овозможија министерствата за култура на Р. Македонија и Р. Словенија, господинот Трифун Костовски и РИКО, д.о.о. Љубљана, Словенија.

Идејата за книгата е на Душан Јовановиќ, словенечки творец чии подрачја на работа се разновидни и многубројни: драма и театар, есеистика, хуманистика, сценаристика, педагогија… и многу друго што историјата допрва ќе го открива. Неговите драми се објавени на словенечки јазик, преведени се на десеттина други јазици, изведени се на словенечките, балканските, на европските и на светските театарски сцени. Наградени се и во Словенија и во други земји каде што биле поставени или прикажани на некое гостување. Најпозната, најизведувана, најпреведувана и најнаградувана драма на Јовановиќ е Ослободувањето на Скопје. На една средба во Скопје, едноставно ми ја кажа желбата да му излезе книга со драми, барем оние кои се изведени во Македонија. И одамна тоа требаше да се случи, но никој не се сетил! Јовановиќ уште пред три децении со својата драма Ослободувањето на Скопје го смести Скопје во театарската меморија на светот. Таа е и негово сеќавање на детството, на растењето во Скопје.
    Душан е единственото дете родено во бракот на Љубомир (син на Ана Хрисафиду; Гркинка од Атина и на Риста Јовановиќ, Србин од Скуланово кај Липљан на Косово) и Емилија Гебер (ќерка на Фердинанд од Осиек и Марија Зеленко која е со германско-хрватско потекло). Роден е во






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+