Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 55 | година X | јули-август, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 55јули-август, 2007
Критика

Поезија што го цени револтот

Алеш Мустар: Суд(бин)ски толкувања,
Литература, Љубљана 2005; Блесок, Скопје, 2007


/4
стр. 1
Роберт Симонишек

Првата поетска книга на Алеш Мустар кој досега има објавувано во бројни словенечки и туѓи списанија, отвора повеќе прашања поврзани со т.н. ангажираност во поезијата и со повлекувањето на поетот од престолот на естетските законитости. Како судски преведувач Мустар полесно ја разбира сегашноста и законите на капиталистичкиот свет, како преведувач e во состојба да ги разбере надворешноста и внатрешноста на јазикот, а ккао поет се обидува да го пресади своето егзистенцијалистичко искуство на хартија. Или како што самиот автор знае најдобро да каже во песната „На Запад“: „Приказни што ги пишува животот.“ Тоа би можеле да го сфатиме и како основен credo на авторот да пишува пред сè приказни што ги пишува животот. И навистина, материјал за неговата поезија е самиот живот кој, пак, со помош на поетските постапки многупати се оддалечува од тлото и како балон на врвка достигнува имагинарни предели. Во тој поглед појавата на Мустар на словенечката книжевно-поетска сцена значи освежување. Појдовната точка на неговата поезија е повеќеслојна и како таква му овозможува етичко-морално-правна позиција која оваа книга делумно и ја отсликува. Но, залудно би очекувале збирката на Мустар да биде само обичен правен кодекс што содржи членови и параграфи, забрани и заповеди за поетите и за народот. Уште помалку во поезијата на Мустар можат да се почувствуваат траги од самосожалување и нагласување на трагичноста на човековото поестоење. Причина за тоа е што широкиот поглед на поетот ги зафаќа сите нивоа на човековото постоење. И покрај искуството и зрелоста поетот длабоко во себе сè уште се колне во погледот на маргиналец, единствениот кој може да ги препознае контурите на вистината во замаглената игра на културните шаблони и навики.
    Поетскиот субјект на Мустар кој е истовремено и самиот поет енергично и храбро се фаќа во костец со потешкотиите на секојдневниот живот. Мустар во поезијата не ги крие своите заблуди и не идеализира ништо за кое нема оправдувачка причина. Како човек кој пишува е поставен во словенечката престолнина која претставува надворешна рамка за повеќето песни. Фактичноста со која Мустар ги слика фрагментите од сопствениот живот избледува пред врвното прашање за успешен спас на светот (воведната песна „Депресија“: „Да станам ли Super, Action или Spider Man, / но дали ти си подготвена да станеш моја Xena / за да го спасиме заедно светот?“) и одговорноста што ја чувствува кон реалноста и кон другите. На овој начин Мустар истовремено и го иронизира и го критикува својот сопствен живот, а уште повеќе






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+