Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 55 | година X | јули-август, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 55јули-август, 2007
Критика

Големиот Бродски

/6
стр. 1
Ендрју Кан

Ендрју Кан, професор по Руска книжевност на Универзитетот во Оксфорд, вели дека „Јосиф Бродски: Есеј во литературна биографија“ („Иосиф Бродский: Опыт литературной биографии“; издаден од московската Молодая гвардия во едицијата Жизнь замечательных людей: Серия биографий во 2006) е најдобрата поединечна книжевна биографија на Бродски, во освртот објавен во Тајмс [http://tls.timesonline.co.uk/article/0,,25336-2641484,00. html]

Награден со Нобеловата награда за литература во 1987, Јосиф Бродски за време на неговиот живот беше признаен за голем руски модерен поет. Но репутацијата му избледе во англиското говорно подрачје по неговата рана смрт во 1996. Новиот труд на Лев Лосев е најдобрата поединечна книжевна биографија на писателот објавена досега на кој било јазик. Како пријател на поетот речиси од раѓањето до смртта – а одличниот избор фотографии го прикажува и него до поетот во Русија и Стокхолм – тој е прецизен и објективен хроничар. Неговото прераскажување на судењето на Бродски ги поправа легендарните верзии на размената меѓу Бродски и државниот обвинител, и е само еден пример на суптилната тактика на Лосев да ги постави работите на вистинското место. Ова не е комплетна документарна биографија, и обработката на животот на Бродски од средината на 1980-тите е потенка од таа на претходните децении. Но Лосев нè приближува до предметот на неговото истражување повеќе од кој било друг труд така што ги интегрира фактите (поткрепени од корисни хронологии на крајот на книгата) во доследен наратив и длабоко проучување на поезијата и прозата на Бродски. Објавувањето на ваков том во едиција „Животи на значајни луѓе“ основана од Максим Горки и општопозната по нејзините биографии на советски херои и генерали би го изненадила Бродски, еден од познатата генерација советски прогнаници што ги вклучуваа Александар Солженицин, покојниот Мстислав Ростропович и Михал Баришњиков.
    Бродски е роден во Ленинград во 1940 во образовано, но општествено скромно семејство (тукашниот опис на неговото детство корисно го дополнува неговиот прочуен автобиографски есеј „Соба и пол“). Уште од рана возраст мотивиран од длабока верба во индивидуална самоопределба што го разголувала советскиот конформизам, Бродски се чини дека ја открил поезијата и неговиот талент за неа речиси случајно. Самоук и со силна волја, тој брзо ја развил својата поетска дарба и формална вештина, и научил доволно англиски и полски за да работи како литературен преведувач.
    За раниот развој на Бродски, Лосев пишува со експертски увид во литерарниот систем на Советскиот сојуз. Даден ни е портрет на младиот и надежен поет во неговото милје, набљудувајќи ги авангардните кругови и оценувајќи го неговата далечна врска со






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+