Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 55 | година X | јули-август, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 55јули-август, 2007
Звук Осврти

Скопје Блуз и Соул Фестивал 2007

извештај


/3
стр. 1
Васја Ивановски

Мнозина од љубителите на блузот и музиката воопшто се сложуваат во оценката дека годинашниот фестивал беше еден од најдобрите досега, докажувајќи уште еднаш дека овој фестивал несомнено е еден од најдобрите во овој дел од Европа. Два дена исклучителна музика и супер атмосфера ја воодушевија публиката која посакуваше сето тоа да потрае, но за жал, ќе мора да почека до следниот јули. Како и да е, сите изведувачи ги оправдаа очекувањата со својот различен стилски приод кон блузот, тие дојдоа од САД и Европа нудејќи ни поглед на современата светска сцена. Сите одлично се забавуваа, времето беше пријатно, пивото доволно ладно, музичарите решени да се покажат во најдобрата светлина, така што сите присутни (околу две илјади) уживаа во секој миг на фестивалот. Можевме само да посакаме сето тоа да трае подолго и се надеваме дека така ќе биде во блиската иднина.
    

    Одличните “The Nimmo Brothers” од Велика Британија, поточно од Глазгов, за првпат се појавија и дебитираа во овој дел од Европа со експлозивен сет на оригинален и грижливо одбран материјал од други автори и покажаа зошто во моментот се едни од најдобрите експоненти на британската блуз сцена. Предводени од одличните гитаристи, браќата Нимо, Стиви и Ален, групата едноставно го растури местото, а тоа беше само почеток на фестивалот! Придружени од мошне квалитетна ритам секција, браќата неуморно се менуваа и разменуваа гитарски рифови и соло делници, така што никој од присутната публика не можеше да одоли а да не цупка со нозете и да мавта со раце во ритамот на музиката која покриваше широк дијапазон на извори. Групата свири квалитетен сопствен материјал кој е цврсто врзан со корените на блузот, зачинет со доволно елементи на рокот за да бидат сите вкусови задоволни во текот на свирката, во која се слушнаа и некои класични блуз нумери од кои особено беше одлична изведба на темата “So Many Roads” на големиот Otis Rush. “The Nimmo Brothers” исполнија и неколку теми од својот штотуку излезен албум “Picking Up the Pieces” кој навести дека групата повеќе се определува за нијансиран приод кон рокот кој секако ќе придонесе за комерцијален успех, но кој нема да ги воодушеви блуз традиционалистите кои ги имаше доста во публиката. Во секој случај, “The Nimmo Brothers” се покажаа во одлична светлина и заслужено беа повикани на бис кој ги разигра сите присутни и претставуваше одличен завршеток на првата фестивалска вечер.
    

    Ѕвезда на вечерта несомнено беше Sherman Robertson, кој отсвири прекрасен репертоар комбиниран од






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+