Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 55 | година X | јули-август, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 55јули-август, 2007
Галерија Осврти

Баби на револуцијата

Филм на Петра Селишкар и Бранд Ферро


/2
стр. 1
Влатко Галевски

Во македонската кинематографија особено значајно место зазема документарната продукција. Иако според природата на нештата, на играната продукција отсекогаш и се придавало поголемо значење, и повеќе се вложувало во овој сегмент, сепак според создадените вредности (и признанијата надвор од Македонија) документарните филмови, објективно имаат повисок рејтинг. И овде како и многупати треба да се апострофира огромното значење на браќата Манаки, за поттикот што ќе им го дадат на идните македонски филмски творци. Само еден бегол поглед на документарното филмско творештво во Македионија, бара да се спомнат: Арсениј Јовков, Благоја Поп-Стефанија, Благоја Дрнков, Трајче Попов, Бранко Гапо, Кочо Недков, Мето Петровски, Александар Ѓурчинов, Лаки Чемчев… и авторите од средната и младата генерација: Столе Попов, Митко Панов, Аљоша Симјановски, Маја Младеновска, Марија Џиџева…
    Значи, станува збор за традиција, па дури можеме условно да зборуваме за македонска документаристичка школа, и секако за генерациски ползуваното искуство на чиишто темели, новите филмаџии ги градат своите авторски проекти.

Најновото долгометражно остварување под наслов Бабите на Револуцијата, е потпишано и продуцирано од Петра Селишкар и Бранд Ферро. Како копродуценти се јавуваат РТВ Словенија, Dream factory Macedonia, Kaos Amsterdam и Movimiento Nacional de Video Cuba.
    Можеби е неупатно да се коментира и пишува за филм кој сè уште не ја доживеал својата македонска премиера, но, постои и праксата на таканаречените привјуа, што во определени случаи се покажува и како корисен потег. Особено ако, според најавите, Бабите на Револуцијата треба да биде прикажан на претстојниот скопски филмски фестивал.
    На авторите на филмот, Селишкар и Ферро им поаѓа од рака своите семејни, би рекле и интимни приказни да ги преточат во епска сторија за болките на современиот Свет, да ги акцентираат круцијалните точки на универзалните егзистенцијални и морални аспекти, преку судбината на семејството, да ја допрат судбината на Светот, сета логика и сиот апсурд на човековото битисување. Без пристрасност, цензура, или шминкање на документот, филмот, преку својата Вистина, нè става на сериозна размисла за нашите Вистини, нè става пред крстопатот на сопствените дилеми: за што, колку и до каде треба да се простира еден човечки живот, сходно на тоа и прашањето дали сè зависи од нас самите или некои други сили ги насочуваат нашите животни патишта? Тоа суптилно преплетување на живите приказни и на документарни филмски записи всушност му ја даваат основната димензија на филмот. Извонредно снимен (Бранд Ферро), уште подобро монтиран (Филип Грчевски), Бабите на Револуцијата е надополнет со извонредната музика на Јане Коџабашија и Проџект Жлуст. Изборот на архивските материјали е мошне






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+