Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 55 | година X | јули-август, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 55јули-август, 2007
Галерија Осврти

Кон изложбата на скулптури на м-р Анета Божинова

Музеј на град Скопје, мај 2007


/3
стр. 1
Виолета Елизабета Крстиќ

Навлегувајќи во опусот на м-р Анета Божинова посветен на Танцот ја вдишуваме аурата на занесот. Проникнуваме, ја впиваме сказната навидум едноставно во еден здив. Нурнуваме во бајката, во трепетот на илузионизмот и понесени од првичната импресија, полека ја разоткриваме загатката. Магичната светлина ни го заробува поривот за тактилното и тие остануваат чудесни и неосквернети во својот исказ, во својата спонтана подаденост.
    

    Обвиткани со превезот на привидот, ги насетуваме ритмовите, линиите, билото и дамарот на суптилно и грациозно издолжените, истанчени, луцидно развиорени, издигнати до вознес, некаде далеку над ефемерното, егзалтирани, понесени од изблик на восхит кон овоземните радости, некаде истанчено истегнати, а некаде експресивно згрчени, повиткани, повиени, торзирани, а некаде и барокно развиорени, во апстрактни и арабескни ритмови. Скулптурите на Анета Божинова во крајна цел ни ја доближуваат илузијата на театролошкото и илузијата на сценското доживување. Тие повикуваат на танц во нас самите со нашата размисла и посветено доживување. Осамени или сплотени во пар, ансамбли, тие се незапирливи, недофатливи, неповторливи во ритамот, во Мигот, во единственоста и самосвојноста, во гестот и изразот кој навестува и соопштува и во најнеочекуваните соодноси во играта на светлото и сенката. Апстрактни и реални, едновремено опстојуваат во виртуелноста на просторот, на времето, суптилно материјализирани во корелација со авторски препознатливиот дух, манир и печат. Тие побудуваат безвремено, апстрактно доживување на релативитетот на материјализацијата, а едновремено се и сугестивно дефинирани во исказот. Проектираат најразнородна интерпретација и автентично индивидуално доживување
    

    Во опусот на Анета Божинова, доживувањето на танцот е дисперзија на светлосна еманација, дисторзија, не само на формата туку и на времето и просторот, стилизација до доминанта на линеарното, суптилна апотеоза, илуминација, кревок игроказ, арабескно скерцо и шегобијна фуга.
    

    Независно дали се во ставата на пируета, на елевација, алонжеа и контртани, со издигнати раце во гест на курон или мачкин скок, сонт де шат, или па пије – извишени на прстите или во трчечки чекор па кури,евидентно е сплотувањето на енергетскиот спин и доминантата на илузионизмот, стилизиран во линеарно-ритмички организираните целини.
    

    Просторот е воздушест, со превез на контемплативно мистифицирана атмосфера каде се навестува прапочетокот, праисконското, зародишот на магијата, култот, обредните ритуали и ритмиката на непатвореното сè до концептуалното и апстрактно доживување.
    

    Со интерполација на секвенци од праисториските ритуали, обреди и култови, магично мистични, метафорични, некогаш едновремено и пагански и световни и сакрални, и оргијастички и еуфорични, стилизирани, арабескни, и апстрактни и реални, дел од еден чудесен виртуелен концепт кој буди метафизички и контемплативни соодноси.
    

    Монохромноста, дуализмот на црното, белото со интерпункција на црвените пигменти






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+