Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 06 | година II | јануари, 1999



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 06јануари, 1999
Галерија Осврти

Хуманизмот на Рубенс Корубин

/2
стр. 1
Борис Петковски

    Може да ви се стори дека Рубенс (не поради името) и не е од овој век: овој во кој настанал (инаку филмски, артистички блескавиот) да речеме, филмот „Буре барут“. Овој балкански филмски пандемониум го раскринкува сето зло што моќно владее во нас и со нас „балканците“, дури не нè „среди“, дефинитивно и засекогаш.
    

    Рубенсовиот истанчен интелект го става во загради овој или кој и да е друг егзистенцијален ужас: но не поради духовен дефетизам или слепо бекство од етичкиот предизвик да се судри со злото; та ако не може, како некаков модерен свети Ѓорѓи, да го срази аждерот на смртта, барем да го жигоса… Рубенс проникливо сфатил дека вакви благородни ангажмани, преточени во составите на кој и да е вид ликовна уметност, денес лесно стануваат плен на јавната стокопазарна манипулација со нив. Затоа Рубенс одбива да се користи со декларативен патос и визуелна драматургија за да „обработи“ некоја „жешка“ тема од нашата современа цивилизација; или од нашето македонско подрачје. Но, тие се во него, како бура која тој ја скротува со недвосмислената благост, со спокојството, душевноста, благородноста што се спиритуалното ткиво на секоја творба на Рубенс. Неговото талкање во некоја измечтаена, творечки создадена Аркадија, не е откинато од постојната реалност, односно од личното животно искуство на уметникот. Рубенс го ткаел својот вистински семеен свет, таков каков тој и неговите блиски го создале, како предлог за човечко живеење во нечовечки времиња. Сите тие ведути каде авторовото семејство другарува со природата (во Сарај крај Скопје, пред сè) се отворена врата за низ неа да се лизне, понекогаш, некоја претстава или опстановка од некој „други“ зони: рестлови од приказните што Рубенс ги чул од баба му или од која и да е легенда, бајка; виденија што се врзуваат за христијанската нарација.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+