Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 56 | година X | септември-октомври, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 56септември-октомври, 2007
Проза

од „Последниот тестамент на Оскар Валјд“

/8
стр. 1
Питер Акројд

19 септември, 1900

Станав проблем во модерната етика, како што би рекол Сајмон, иако во тоа време ми се чинеше дека сум решението. Сега сите зборуваат за мојата особена природа, затоа што, како и обично, го одбрав вистинскиот драмски момент за на светот да му ја предочам мојата сексуална изопаченост. Дури и Германците се заинтересираа за темата и, од сите неверојатни нешта што ми се случија, можеби најневеројатната е дека ќе бидам запаметен не како уметник, туку како историски случај, психолошка студија што треба да стои до Онан и Иродијада. Можеби и Едвард Карпентер ќе ме спомене во некој свој посугестивен пасус. Совршено го разбирам Карпентер, иако се чини дека тој себеси не се разбира – некаде напишал дека свеста за гревот ја покажува човековата слабост. Но, нашата вистинска слабост е поинтересна од тоа: нашите активности ги нарекуваме грешни за уште пожестоко да уживаме во нив.
    Проблемот, како и секогаш во модерната мисла, е во номенклатурата. Не сум наопаку, мене ме свртија. Ако сум Уранец, тогаш доаѓам од оној дел од небото каде што Уран е допрен од ѕвездениот сјај. Сметам дека машката љубов е највозвишената, величана е од философите што ја сметале за идеален вид љубов и од уметниците што во машката фигура ги виделе линиите на духовната убавина. Модерната медицина, како був што слепо ука напладне, зашеметен од светлината, измислила нови термини – но „здрав“ и „болен“ не задоволуваат како ментални категории. Кој не би сакал повеќе да биде болен како Леонардо и Винкелмен, отколку здрав како Хал Кејн и г-ѓа Кејшел Хој?
    Секое големо дело вклучува нарушување на рамнотежата, а најдобрите дела во уметноста произлегле од страсната грозница што сме ја доживеале јас и тие како мене. Љубовта спрема мажите ги поттикнала совршените сонети на Микеланџело, го инспирирала Шекспир да го овековечи некој младич со огнени зборови, како што им ги водела рацете на Платон и Марлоу.
    Кога ѝ станав роб на оваа љубов, во неа ги видов и совршенството и фаталноста на целиот живот. За мене таа ја имаше невиноста на сите стремежи кон убавото, како и горчината и заморот од себеспознавањето. Караваџо бил придвижен од таа љубов кога го сликал Иван Крстител, со прекрасната детска насмевка, а со очите што веќе го виделе ужасот на нештата што доаѓаат. Во таа слика има и заводливост и очај, невина потреба и мачна заситеност.
    Сепак, Боби се интересира за друг вид Сократови дела. Ме носеше во една мала книжарница на улица „Сент Џејмс“,






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+