Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 56 | година X | септември-октомври, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 56септември-октомври, 2007
Проза

Бони и Клајд

/5
стр. 1
Ирена Јорданова

М. влезе во продавницата, од сите тие бои малку ѝ се заврте во главата, се правеше една чудна вртелешка исто како на оној портрет на Феликс Фенеон, пријателот на Сињак, гласноговорникот. Тука помеѓу продуктите во секаква големина врескаа жолтите кругови и ѕвезди, а црвените полукружни ленти создаваа фина глазура со сопствен ритам. М носеше со себе огромен облак на тежина, ама од оној најлошиот, оној што не се раствора во цигари и кафе, Сињак само го издолжуваше времето и не беше од никаква помош. Зарем треба да биде рамнодушна кон вакво работно место? Имаше чувство на пониска вредност, во главата и бучеше од сопствениот глас што ја испраќа во казнено-поправен дом за да разбере дека таа не вреди и нејзиното убаво лице не ѝ донесе никакво добро, само илузија дека може да биде се што сонуваше како малечко девојченце. Презентерка. Промотерка на тоалетна хартија. Си се потсмеваше себе си, чекаше нејзиниот координатор да ѝ каже како треба да им пристапи на муштериите во овој малечок дуќан. Си замислуваше дека нејзината реплика би била: „Добар ден! Правиме промоција на тоалетна хартија, од оваа хартија газот ќе ви биде чист и мазен, а хемороидите за вас ќе бидат минато. Еве слободно пробајте! Вецето е таму, избришете го газот за да видите какво величествено чувство ќе ви предизвика!“
    Ама ништо од нејзините фантазии. Координаторот и даде многу едноставен пристап: „Правиме промоција, имаме промотивна цена, ако купите две пакувања ќе добиете гратис салфетки од истата фирма“.
    Глупости.
    Барем да беше во некој од големите супермаркети, таму ќе можеше да глуми дека работи а всушност ќе си бленеше во големите неонки. Тука, во ова дуќанче сите ја слушаа. Касиерката љубопитно го следеше секој нејзин збор, а продавачките им довикуваа на редовните муштерии дека хартија никогаш не им е на одмет, да си земат додека е таква цената оти утре сè ќе биде поскапо. Роботи, робови, сеедно, така им е подобро на луѓето, си заспиваат навечер лесно како мали, розови бебенца. Забораваат на својот здодевен и мачен живот додека ги гледаат криминалните серии, се подгрева нивната имагинација, благодарни се што ја избегнале напнатоста да бидат погодени од некој куршум, или спалени во каминот на некој лихвар поради коцкарски долгови. На М. и стана мачно да дрдори во својата глава, не сакаше нејзиниот глас да стане многу силен па да се исплаши како некое зајче пред челуста на овој ѕвер. Сопственичката на продавницата си зела слободен ден, па продавачките и






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+