Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 56 | година X | септември-октомври, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 56септември-октомври, 2007
Есеи

Во тесните одаи на розовото гето

(или: Ние, нашите невидливи писателки)


/5
стр. 1
Елизабета Баковска

Пред петнаесет години, на постдипломските студии по книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, влегов како и, претпоставувам, многумина околу мене: без идеја за тоа кон кој остров во бескрајното море на книжевноста (и сета критика и теорија поврзана со неа) сакам да одам, и, се разбира, без компас да ми помогне да го најдам тој мој остров. Од редовните студии носев некоја нејасна фасцинација со американската изгубената генерација: Хемингвеј и Фицџералд беа моите тогашни херои. „Толку многу е веќе напишано за изгубената генерација, земете нешто друго.“ рече мојата менторка. Така, сосема несвесно, како некоја резервна опција решив да пишувам за американските прозаистки, сигурна дека за нив, барем кај нас, не се пишувало скоро ништо.
    Но тогаш кога мислев дека сум ја пронашла вистинската тема, во духот на компаративистиката која тивко завладеа со нашите постдипломски студии по книжевност, добив сугестија дека американските прозаистки треба да ги споредам со наши. Така, за првпат, на своја дваесет и три годишна возраст, јас, дипломираниот англист, почнав да ги читам македонските прозаистки, оние кои дотогаш ми беа непознати. Читањето повеќе личеше на потрага, оти прозаистките беа малку на број, а оние кои за нив кажале нешто уште помалку. По седум години трагање, пишување и препишување, густирање на добри книги и фрустрирање од лоши, се најдов како седам на одбраната пред комисија од три жени, додека во аудиториумот седеа уште две – Јадранка Владова и Гордана Михаилова Бошнакоска, македонските прозаистки кои ги одбрав за споредба со американските. Дури пред некоја година, по филтерот на времето што оттогаш измина, деридијански, го сфатив значењето на тој чин – без некоја намера или свест за своите постапки и дела, таа 2000 година јас му се придружив на македонското розово гето.
    Розово гето е термин кој првично се однесувал на оној (ограничен) простор на живеење и дејствување на жените – спалната и кујната, на пример, се типични простории на розовото гето. Во овој тесен простор, одделен од дневната соба (т.е. од просторот на колективното живеење и интеракција во домот), жените можеле да раководат, да доминираат и сами да ги поставуваат условите на функционирање на секојдневниот живот. Подоцна, терминот розово гето почна да излегува од границите на домот, па во економијата и во развојните теории во осумдесеттите години на дваесеттиот век почна да се користи и за оној дел од економското производство поврзан со тн. женски професии. Така, воспитувачките, учителките и медицинските сестри станаа новите симболи на розовото гето. Во сферата






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+