Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 56 | година X | септември-октомври, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 56септември-октомври, 2007
Есеи

Поезија и култура

/9
стр. 1
Питер Николсон

Да се бара и да се најде: Поезијата и ограничувањата на иронијата во новиот милениум

Катастрофалните настани од 11 септември 2001 година очигледно беа епски момент во светската историја. А и во културната историја. Тука, со дантеовска конечност, се случи брутална конфронтација на уништувачкиот фундаметализам и капиталистичкиот плурализам. Уметноста е политичка, и импликациите за уметноста кои произлегуваат од овој напад имаат комплексни одгласи. Уметничките периоди никогаш не завршуваат со точка со таква катаклизмична сила, и, без сомнение, во годините што доаѓаат, сè уште ќе има луѓе кои ќе ни ја наметнуваат својата несериозност во име на некој завршен дел на очекуваната модернистичка нирвана. 11 септември требаше да ни донесе политичко и уметничко расчистување. Така, австралиските уметници имаат добра причина да се соочат со традицијата во која работат и создаваат, по насилствата на Бали на 12 октомври 2002 година. Што ни дадоа модернизмот и постмодернизмост, и кои се ограничувањата на нивните естетски културни агенди. И каде ќе одиме од оваа точка.
    Од онаа страна на доброто и злото на Ниче може да се прочита како брилијантна интелектуална вежба без да се разгледува неговиот презир за она што тој го нарекува „ропска моралност“. Можеби може да се тврди дека Ниче е кум на сегашното губење храброст меѓу поетите, иако ова не би било фер – се чини дека Фонтана на Душамп е поверојатен предок на оваа појава. Всушност, немаше надминување на доброто и злото, дури ни како љубов, како што имаше јасни огрнаичувања на филозофското и уметничкото ослободување кое го предлагаа модерните и постмодерните сензибилитети. Ако Волтер беше зачетникот на просветителството, тогаш сигурно, еден чин на терор беше симболичниот црн крај на едно движење на културно експериментирање кое ни сите рефернци на Џојс, Елиот и Бекет, Маларме, Кафка или Сартр, Шопенхауер или Фуко не можат да го соберат од ентропија. Дали овие слики можат да бидат посурови: контрастот меѓу уметноста која се насладува со себеси, сè повеќе во иронија, по цена на секаква сличност со одговорност кон својата сè порамнодушна и помала читателска публика; а таму, во безбројните очајни дела, острите неизбежности на финансираната забавна иднина стануваа на изглед непотребни. Во поезијата, пригодната чувствителност имаше пропаганден напор во нејзино име налик на оној на Гебелс, но можната публика никогаш не се убеди, ниту од самата уметност ниту од кашата на теоријата која ја опкружуваше. Принципот на рафинираност можеби однесе многумина до очајните брегови на стиховната техника во која исповедниот начин скоро да стана терапевтски






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+